Терапевтите објаснуваат дека кога луѓе се опседнати со работа „ние го поврзуваме нашето однесување, нашите перформанси, нашата продуктивност, со тоа колку ние вредиме.“ Ваквата емоционална поврзаност штети и на нашето прифаќање на корисни коментари и критики.
Авторката на книгата „ The Objective Leader: How to Leverage the Power of Seeing Things As They Are“, Елизабет Тортон, го објаснува проблемот со објективноста преку сопствениот пример. Нејзиниот бизнис станува толку поврзан со нејзиното вреднување на самата себе што кога фирмата почнува да пропаѓа, таа одбива да ги согледа проблемите. Во моментот кога гледа што се случува, тоа веќе ја чини милиони долари.
„Меѓутоа објективното размислување е неопходно дури и кога си во право. Со тоа што ќе ја согледаш твојата работа онака како што е, можеш да дојдеш до подобри аргументи зошто твојот пристап е подобар за твојот тим или компанија.
Со други зборови, објективноста ти помага да имаш подобри резултати на својата работа,“ пишува Кристин Вонг во Кат.
Препораката на Вон е не е комплетно да се одделиш од работата, бидејќи делумната поврзаност ја зголемува твојата среќа и продуктивност, туку само да препознаеш кога си премногу врзан за нејзе.
Еден од методите за да препознаеш дали си се врзал за работата е дали можеш со луѓе да разговараш за што било освен работа. Пример, ако со блиските на телефон за работа збориш 30 минути, а за се останато заедно 2 минути, тогаш имаш проблем.
Трите препораки на Ким за дистанцирање се:
- Пробај помалку да се жалиш околу работа. Не комплетно да прекинеш, бидејќи мало издувување е корисно и речиси неопходно. Меѓутоа, да не биде целото време вон работа посветено на проблеми со работа.
- Решително биди објективен/на. Според Тортон, прво треба да го идентификуваш твојот недостаток на објективност, па да почнеш тоа да го менуваш. Како пример таа наведува дека треба да запаметиш дека „секогаш ќе бидеш во ситуации што не ти се допаѓаат“, ама за продуктивно да ги решиш овие проблеми прво треба да признаеш дека такви ситуации ќе постојат.
Втор совет од Тортон е дека не можеш секогаш да ги контролираш резултатите од твоите постапки, па затоа треба да ја прифатиш можноста дека дури и да дадеш сè од себе, надворешните сили може да придонесат за твојот неуспех.
- Запамети дека ти си повеќе отколку само твојата работа. Вонг наведува еден концепт во психологијата според кој треба да се запамети дека има повеќе аспекти кои го сочинуваат твојот идентитет, па затоа треба да се вреднуваат и другите страни и улоги во твојот живот, како пријатели, врски и хобија. Ова значи и да одвоиш повеќе време за сето она што не е работа, од пријатели до хобија.