Италијански и германски синдикати годинава решија да го попречат Црниот петок и општо работата на Амазон во нивните земји.
„Работниците на Црн петок треба да работат најдобро што можат во служба на Џеф Безос (основачот на Амазон) и потрошувачите.
И сето ова е во работни услови кои на долг рок се штетни за твоето здравје,“ изјавува за Зидојче цајтунг, лидерот на штрајкот ов Лајпциг.
Италијанскиот сенатор од централно-левичарската Демократска партија, за Ла Република изјави дека Амазон преставува „нов модел на експлоатација“ на работниците низ светот.
Со ова се согласува и синдикалната лидерка на италијанското претставништво на Амазон, која го поздравува протестот во Германија порачувајќи дека тој покажува дека „проблемите не се само во нивната компанија, туку насекаде Амазон создава работни услови кои апсолутно не се компатибилни со нашата култура за заштита“ на работникот.
Освен проблемот со работниците и нивните права, повеќе држави и големи градови почнуваат да преземаат мерки за заштита од напливот на американски бизнис базиран на дигиталните технологии. Пример, веќе неколку големи европски градови стриктно ја забранија работата на компании како Убер и Лифт, кои имаа потенцијал да ја уништат комплетната домашна такси индустрија.