Последниве месеци Енцелад станува крајно интересен откако научниците заклучија дека ако има вонземски живот во Соларниот систем тогаш Енцелад е најверојатното место каде што може да биде најден. Месечината е огромен замрзнат океан кој има вжештено јадро и „многу вода погодна за создавање живот под дебелиот слој мраз“.
Русинот што се заинтересира за ова е Јури Милнер, истиот човек што веќе даде 100 милиони долари само за плановите за лансирање сонда кон Алфа Кентаур, најблиската ѕвезда до Земјата после Сонцето.
Сега намерата на Милнер е да се фокусира на истражување на масовните гејзири кои исфрлаат вода низ длабоките пукнатини на јужниот пол на месечината, и тоа да го направи пред НАСА.
Процените на Милнер се дека ако чекаме вселенска агенција да направи нешто, ќе мине цела деценија или повеќе. Вака, тој сака да испрати сонда до Енцелад, во надеж дека таа ќе открие нешто во водата што ја исфрлаат гејзирите. Утврдувањето на составот на водата - која, по теорија, би можела да личи на оној на океаните на Земјата - ќе помогне најпрецизно да се утрвдат какви се условите во средиштето на планетата.
Моментално НАСА има две потенцијални мисии што се фокусираат на Енцелад, ама нема пари, а и мисиите се натпреваруваат со уште 10 други кои се идентично актуелни.