Американската и останати влади низ светот поседуваат целосни или делови од летала кои се од вселенско потекло, тврди американски воен ветеран во своето сведочење пред американскиот Конгрес и Главниот истражител на американската разузнавачка заедница.
Џиновскиот кинески телескоп Небесно око можеби фатил сигнал од вонземјанска цивилизација, беше објавено од државниот Сајанс енд технолоџи дејли, за потоа истото да биде избришано.
Американци се пожалиле дека по средби со вонземјани добиле изгореници од радијација, оштетување на мозокот и нервниот систем, па дури и останале трудни, покажува неодамна објавената масовна база на податоци на Пентагон.
Американската вселенска агенција имала ангажирано 24 теолози кои треба да проценат како светската популација ќе реагира ако се откријат вонземјани на некоја далечна планета. Значи немаат откриено, туку само превентивно, ако откријат вонземјани.
Нова книга истражува што би можеле да ни кажат својствата и изгледот на животните на нашата планета за оние кои живеат (ако живеат) во други делови од вселената.
Веројатно кажано на шала, тоа дека на сега славниот математичар теориите му биле диктирани од повисока интелигенција е тврдење на негов колега. На кого сигурно дополнително му се стемнило кога слушнал за „дебелото“ признание.
Нормално дека никогаш, никаде нема да се појават 2 милиона луѓе во исто време, ама барем и 1% од нив (20.000 луѓе) да се натопорат пред портите на Ареа 51 ќе биде доволно за спектаткл.
Фермиевиот парадокс се однесува на конфликтот меѓу високата веројатност за постоење на вонземјански цивилизации и недостатокот на докази за контакт со таквите цивилизации.
Тој е намерачен на Енцелад, месечината на Сатурн, НАСА е намерачена на Енцелад месечината на Сатурн. Тој изнајмува космодром од Русите, НАСА (за сега) изнајмува космодром од Русите. Тој има негови пари, НАСА треба да чека пари од буџетот на САД.
Ако навистина некаде низ космосот има вонземјани, зошто тогаш никогаш не сме ги виделе? Па можеби затоа што не сме ги ни поканиле и дочекале како што треба, онака по домаќински, со чергиче за бришење нозе пред врата.
Неодамна откриен есеј (сред американски музеј) од 1939 покажува дека британскиот премиер бил отворен кон можноста за постоење на живот на други планети, и тоа речиси под истите услови кои и денес се сметаат за неопходни.
Сè што немавте поим дека сакате да го дознаете за вонземјани и како они се кријат меѓу нас, презентирано од гостинка во српска утринска програма. Во која професија има најмногу вонземјани? Меѓу келнерите (ако некогаш не ви беше јасно како можат да трпат толку луѓе, посебно пијани).