По барање за објавување на документи по основа на законот за слобода за информации, Пентагон објави 1.500 страници материјал поврзан со НЛО од нивната таинствена програма за Напредна идентификација на воздушно-вселенски закани (ААТИП), која функционира од 2007 до 2012.
И покрај тоа што програмата никогаш официјално не се води како тајна, за нејзе се дозна дури кога нејзиниот директор Луис Елизондо даде оставка од Пентагон во 2017 и објави неколку видеа во кои неидентификувани летала се движат на невозможен начин.
Кратко по ова британски Сан поднесува барање за слободно објавување на информации, кое е исполнето дури на 5 април 2022.
Во документите има извештаи за биолошките ефекти врз луѓето од здогледување НЛО, истражувања за напредни технологии како наметки за невидливост, и планови за истражување и колонизирање на длабоката вселена. Има и делови од документите што не се објавени по основа на приватност и доверливост.
Еден од извештаите содржани во документацијата (со оригинален наслов „Anomalous Acute and Subacute Field Effects on Human and Biological Tissues“) од март 2010 ги опишува наводните повреди што ги здобиле „човечки набљудувачи преку невообичаени воздушно-вселенски системи“ од кои некои може да се „закана за интересите на Соединетите држави“.
Во извештајот се опишани 42 случаи од медицинска документација и 300 „необјавени“ случаи во кои луѓето се здобиле со повреди по наводните средби со „невообичаените летала“ кои вклучуваат и НЛО.
„Во некои случаи луѓето покажале изгореници или други состојби поврзани со електромагнетска радијација, а во извештајот стои дека некои од нив изгледаат како да се предизвикани од ’енергетски погони’.
Во извештајот се забележани мозочно оштетување, нервно оштетување, срцеви проблеми и главоболки поврзани со средбата со овие летала.
Не е јасно кој вид на проверка е спроведена од ААТИП, и дали воопшто имало, при истражување на овие случаи,“ објавува Лајвсаенс.
Извештајот заклучил дека постојат доволно докази „за да се поддржи хипотезата дека некои напредни системи веќе се распоредени, и се нејасни за целосното американско разбирање.“