Доколку освен глупостите на Земјата го следите и она што се случува на небото, тогаш знаете дека во последно време над САД и Канада беа забележани кинески шпионски балони и три до сега неидентификувани летечки објекти, кои беа таргетирани и наводно уништени. Ова ги поттикна малку подзаборавените теории за вонземјаните и целта на нивната посета, но и приказните за луѓе кои решиле малку да си поиграат со опседнатоста со оваа тема.