Тимот на Пентагон (Advanced Aviation Threat Identification Program) се состоел од доктори на науки, разузнувачи и офицери, постоел од 2007 до 2012 а Луис Елизондо го презел неговото кормило во 2010. Собирале материјали од воени извори, главно од пилоти.
Елизондо вели дека екипата на Пентагон не секогаш разбирала што е она што го гледа на снимките. Меѓу мистериите е и неодамна обелоденетиот материјал снимен од кокпитот на американски Ф/А 18 Супер хорнет во кој може да се чуе како пилотитие му се чудат на објектот со фасцинанта брзина и движење кое тие не можат да си го објаснат.
„Ако ме прашувате за лично мислење, мора да бидам искрен: не знам од каде е ова, ама сум прилично сигурен дека не е од овде“, вели Елизондо за снимката.