Условите за игра биле идеални, немало ниту дожд, ниту снег, ниту магла, па фудбалерите на Фиорентина и Пистојезе на 24 октомври 1954 година истрчале без проблем на теренот. Но во еден момент на небото дошла ненајавена публика од 20 летачки објекти кои делувале збунувачки.
Играчите и гледачите бдееле во небото и не можеле да сфатат за што се работи, а судијата одлучил да го прекине мечот. Потоа настанал чуден дожд, но не воден, туку почнале да паѓаат мистериозни предмети на теренот.
Студент по хемија земал еден примерок и го анализирал во лабараторија, а анализите покажале дека се работи за бор и силициум. Биолозите пак тврделе дека на небото се појавила пајажина која била создадена од посебен вид на миграциски пајаци.
Според некои претпоставки на терен паѓале хемиски остатоци од текстилна индустрија, а други мислеле дека се работи за слама која се користела во антирадарот на авионите во тоа време.
Како и да е и по 60 години овој натпревар во Италија остана неразјаснето прекинат.