Кинезите слушнаа нешто

Џиновскиот кинески телескоп Небесно око можеби фатил сигнал од вонземјанска цивилизација, беше објавено од државниот Сајанс енд технолоџи дејли, за потоа истото да биде избришано.

Се работи за најголемиот радио телескоп на планетата, а електромагнетниот сигнал што стигнал до него се разликува од сите претходни што биле фатени заради што му се прават и дополнителни анализи.

Тврдењата доаѓаа од главниот научник на тимот за истражување на вонземјанска цивилизација, Жанг Тонџи, ко-основан од Пекинг Нормал Универзитетот, Кинеската академија на науки и Универзитетот во Калифорнија, Беркли.

Тоа што не е јасно од земските работи е зошто текстот е избришан од весникот и покрај тоа што веќе почнал да станува актуелен на социјалните мрежи и бил преземен од голем број медиуми, вклучително и државни.

Небесното око, со дијаметар од 500 метри, сместен во југозападна Кина, во септември 2020 официјално ја започна потрагата по вонземјански живот. Се работи за телескоп „со екстремна сензитивност во радио-брановите од ниска фреквенција и игра критична улога во потрагата по вонземјански цивилизации“.

Целиот случај има и едно стандардно бирократско објаснување дека можеби станува збор за некаков друг вид радио пречки кои бараат дополнителна истрага.

16 јуни 2022 - 08:58