НАСА разговара со теолозите и околу тоа потенцијалното откритие на вонземски живот ќе влијае на начинот на кој човештвото ги доживува боговите и создавањето на животот според религиите. Програмата која е финансирана од НАСА бара одговори на прашања од типот: Што е живот? Што значи да си жив? Каде ја повлекуваме линијата меѓу човек и вонземјанин? Кои се можностите на некое друго место да има свесни суштества?
Еден од учесниците е и др. Ендру Вилсон, свештеник и теолог на Универзитетот во Кембриџ со докторат по биохемија. Според него ние сме сè поблиску до откривање живот на други планети.
„Религиозните традиции ќе бидат важно обележје за тоа како човештвото ќе го обработи таквото потврдување на живот на други планети,“ објаснува Вилсон.
Вилсон смета дека нерелигиозните луѓе ја преценуваат тешкотијата што би ја имале религиозните луѓе, доколку се соочат со вонземски живот.
На сличен став е и астрономот и професорот по физика на Католичкиот Универзитет, Дуилиа де Мело, кој објаснува:
„Ако ние сме производ на создавањето, зошто тогаш исто така не би можеле да имаме живот кој еволуира на другите планети? Ништо не наведува на поинаку.“
Опозицијата која доаѓа од други теолози, е дека во Светото писмо не пишува ништо околу тоа дека и на друго место може да има живот.
„Но тоа што пишува е дека космосот е создаден со цел на оваа планета Исус Христос, во просторот и времето и историјата, да дојде за да го спаси грешното човештво,“ објаснува претседателот Јужно баптистичката богословија, Алберт Милер.
Соработката на НАСА со теолозите траела од 2015 до 2018.