36-годишниот Дејвид Чарл Груш (со резиме од поранешен борбен офицер во Авганистан, до дел од неколку разузнавачки агенции), тврди дека постојат длабоки тајни програми кои поседуваат летала од не-човечко потекло. Според него, најразлични владини функционери и вработени, нелегално несподелиле клучни важни информации со Конгресот и американската јавност.
Тој информациите ги споделува како поранешен претставник на НРО (National Reconnaissance Office) во Работната група за неидентификувани воздушни феномени од 2019 до 2021, а потоа од крајот на 2021 до јули 2022 како ко-главен за НВФ анализи на НГА (National Geospatial-Intelligence Agency) и нивен претставник во работната група. Оваа работна група е основана за истражување на Неидентификувани аномалиски феномени, НАФ, новата одредница за НЛО, и работи под Одделот за морнарица.
Груш тврди дека делови или целосни летала се откриваат веќе со децении до денешен од страна на американската влада, нејзините сојузници и одбранбените соработници. Анализа на откриеното покажала дека овие предмети се „од егзотично потекло (не-човечка интелигенција, без разлика дали вонземјанска или од непознато потекло) што е заклучено врз основа на морфологијата на леталата и научното тестирање на материјалите и поседување на уникатна атомска поставеност и радиолошки потпис“.
Целата процедура на објавување на податоците Груш ја тера по официјални канали за свиркачи воведени од американските власти.
Во негови потпишани изјави кои Пентагон ги одобрува за јавно објавување, Груш тврди дека постари НЛО програми веќе долго време се кријат во рамките на најразлични агенции кои НАФ активностите „ги вгнездуваат во вообичаени програми со ограничен пристап без тие соодветно да бидат пријавени пред најразличните надзорни органи.“
„Тој изјави дека пред Конгресот пријавил постоење на децении долга 'јавно непозната Студена војна за откривање и искористување на физички материјал - натпревар со слични противници низ годините за идентификување на паднати/слетани НАФ и собирање на материјал за нивно искористување/деконструирање со цел стекнување асиметриска предност во националната одбрана,“ пишуваат новинарите Лесли Кин и Ралф Блументал.
Груш на Конгресот му има испорачано часови и часови на снимени доверливи информации транскрибирани на стотици страници кои вклучуваат конкретни податоци за програмата за пронаоѓање на материјалите. На Конгресот не му биле дадени какви било физички материјали поврзани со кршот или какви било други предмети од не-човечко потекло.
Тој тврди дека по службена линија бил контактиран од најразлични поединци кои работата на НАФ програмите и кои му се пожалиле околу „бројните грешки, како нелегално ангажирање соработници вон федералните правила и други злодела и потиснување на информацијата на ниво на квалификуваната база од индустријата и академските кругови.“
Кин и Блументал разговараат и со Џонатан Греј, разузнавач специјализиран за НАФ анализи во Националниот центар за воздушно и вселенско разузнавање. Греј смета дека постоењето на „комплексни историски програми за координирано собирање и изучување на егзотични материјали, кои почнуваат од почетокот на 20 век, повеќе не треба да останат тајна.“
„Најголемиот дел од собраните, страни егзотични материјали имаат стандардно терестријално објаснување и потекло - но не сите од нив, а во оваа категорија секој број повисок од нула претставува несомнено значителен статистички процент.
Голем дел од нашите најсофистицирани сензори, вклучително и вселенски платформи, се користат од најразлични агенции, обично во троен примерок, со цел да се воочи и прецизно да се идентификува вонземската природа, перформанси и дизајн на овие аномалиски машини, кои потоа се утврдува дека не се со земско потекло,“ објаснува Греј.
Новинарите Кин и Блументал, плус Хелен Купер, на 17 декември 2017 беа автори на насловната сторија на Њујорк тајмс во која прв пат се откри за постењето на тајна програма на Пентагон за истражување на НАФ.
Повеќе околу тежината на Кин и Блументал и целата сторија од Кристал и Сагар: