Настанот е закажан за 20-ти септември и изгледа дека нема да се откаже и покрај тоа што организаторот во повеќе наврати апелираше никој да не оди во Ареа 51 и дека целата работа е заебанција.
Заради сериозноста на бројката, Линколн каунти, каде што е базирана Ареа 51 пред некое време прогласи вонредна состојба. Сега, вонредна состојба прогласи и соседната Нје каунти.
Стравот на двете локални самоуправи потекнува и од таму што првата има неполни 5.400 жители, а втората 44.000 жители. Или заедно нешто повеќе од 2% од луѓето што го најавија своето присуство таму.
Она што од сега го предвидуваат локалните власти е дека пред упадот најверојатно ќе им снема вода за пиење, мраз, бензин, храна и места за вршење нужда.