
Сиромаштијата во урбаните средини во Аргентина за само шест месеци е намалена од 52,9 на 38,1%. Стапката на луѓе што живеат во екстремна сиромаштија е преполовена на 8,2%, што е најостро намалување во овој век.
Администрацијата на претседателот Хавиер Милеи, кој ја презеде функцијата на крајот на 2023 година, ги намали државните трошоци за 5% од БДП, укина голем број владини агенции, отпушти 50.000 државни службеници и го воведе американскиот долар како официјална валута еднаква на аргентинскиот песо.
Овие политики за 18 месеци ја намалија годишната инфлација од над 250 на 43% и отворија 13,6 милиони нови работни места во приватниот сектор, иако стапката на невработеност се искачи на 6,4% на крајот од минатата година. Платите во приватниот сектор сега растат за 3% побрзо од инфлацијата, па првпат по една деценија се зголемува куповната моќ.
Аргентина успеа да забележи буџетски суфицит првпат по 2012 година, а од крајот на минатата година повеќе не е во рецесија. Во вториот квартал од 2025 година, според прелиминарниот извештај од националниот завод за статистика, БДП на Аргентина пораснал за 7,6%.
Претставникот на УНИЦЕФ Рафаел Рамирез Месек забележа дека 11,5% од аргентинските деца сè уште живеат во сиромаштија, а државната помош за сиромашните не е ни приближно доволна, но додаде дека ова е период на прилагодување. Како корисни мерки Месек ги истакна универзалниот додаток за деца и купоните за храна.
******
Види и: Да ви каже нешто Милеи, и да го запамтите
Кој е „Лудиот“ кој Аргентина го избра за претседател?