Тортата на Ламин Јамал за 18-ти роденден била гангстерска

Долго време се најавуваше и конечно Ламин Јамал направил голема журка по повод својот 18-ти роденден. Полнолетството го прославил со преку 200 гости. Забавата почнала во 20:00 а поканетите не смееле да влезат со мобилни ниту камери кои се оставале пред врата за да се заштити интимноста на фудбалерот. Биле Левандовски, Кубарси, Марк Касадо, Гави, Балде. Му пееле Bad Gyal, Quevedo, Март Дијаз и Озуна. Тортата му била во гангстерски стил.

Што ли толку го привлекува да биде гангстер?

Полемика во Шпанија предизвикало и тоа што најдобриот фудбалер на шампионот Барселона за изминатата сезона, задно со неговото опкружување барале девојки со „посебни карактеристики“. Извесна манекенка Клуадија Калво во емисијата TardeAR рекла: „Некој од тимот на Ламин Јамал ме исконтактира и ми кажа дека сакаат баш мене да ме поканат. Понудија повеќе од 10.000 евра и приватен авионски џет“.

Начинот на кој познати Инстаграм модели биле канети исто предизвикал голема контроверза во Шпанија. Како што објаснил Хави де Хојос во емисијата „D Corazón“ кај водителката Ане Игартибуру, третманот за покани бил чуден.

Тоа му го објаснила жена со милиони следбеници на друштвените мрежи која била поканета на роденденот. Таа рекла дека никогаш не разговарала со Ламин Јамал, дека не го познава и дека ако би прифатела покана да дојде, би дошле со комбе да ја земат. Славната Инстаграм моделка одбила да присуствува зошто не го познавала фудбалерот.

Контроверзата продолжила по роденденската вечер откако се појавила фотографија со Ламин Јамал кој спие во кола без безбедносен појас на него. Тој го ставил видеото сам лично на своите профили на друштвените мрежи.

ЗДРУЖЕНИЕ НА ЏУЏИЊА ГО ТУЖИ ЛАМИН ЈАМАЛ

Официјалното здружение на луѓе со Ахонодроплазија и други скелетални дисплазии во Шпанија соопштило дека ќе покрене тужба против Ламин Јамал што најмувал џуџиџа за забава на неговата роденденска журка.

14 јули 2025 - 09:09