Живот и забава

Што прави поголем мерак: проблемот или решението?

Британски научници се подготвуваат да ги спроведат првите клинички тестирања на светот со кои ќе се утврдат терапевтските ефекти на МДМА (активната супстанца во екстазито) во лекување алкохолизам.

Кинеската индустрија на протерувачи на швалерки

Како што професијата протерувачи на швалерки не постои кај нас така до пред десетина години не постоела ни во Кина, ама за разлика од кај нас таму упорно се случува економски бум, кој упорно создава нови и нови богати Кинези, кои упорно имаат идентични нови навики.

За што Американците би се откажале од 20% од платата?

Постои една работа за која над половина Американци би биле спремни веднаш да жртвуваат една петтина од својата плата: да е редовна.

Како Холивуд ги промовира војните на Пентагон, НСА и ЦИА

Американските разузнавачки агенции влијаеле врз повеќе од 1.800 филмови и телевизиски серии, покажува анализа на двајца новинари на илјадници документи од американската војска и разузнавање добиени преку законот за слобода на информации.

Фрижидери колку сакаш, ама, мажи нема

Хроничниот недостаток од пристоен „материјал за мажење“ на брачните пазари на Запад, ги тера жените на очајнички обиди за зачувување на својата плодност. Ги замрзнуваат своите јајце клетки во надеж дека ќе дојдат некои подобри времиња. 

Твојот Ајфон можеби е склопуван од рудар

На гигантските фабрики во кои се создаваат Ајфоните годината им проаѓа во две сезони со различно темпо на работа: кога е редовно производство и кога е фрка (нов модел или празници се ближат). А кога е фрка, не се пребира многу по квалификациите.

Зошто Саудијците бараат затворање на Ал Џезира?

Откако четирите арапски земји ги прекинаа сите врски со Катар и ја ставија земјата во изолација, до катарските власти стигна и список од 13 барања што треба да бидат исполнети ако сакаат ембаргото да престане. Една од 13-те е и затворање на меѓународната телевизија Ал Џезира.

Колумбија ќе признае брачна заедница на тројца мажи

Кога матичарот на Виктор ќе му каже „можеш да го бакнеш младоженецот“, тој ќе треба да реши дали тоа прво да го направи со Мануел или со Алехандро. Ах, мажот е за мака роден.

Зошто медиумите не можат да се одбранат од Трамп

Наместо да очекуваат сочувство од јавноста и да се вџашуваат од секој потег од лидерот на американската нација, медиумите треба да работат на уверување на јавноста дека реториката на Трамп е штетна и за нејзе.

Како левицата "од умот се поизгуби"

Моменталното кадровско решение на престолот во Белата куќа е резултат на 2-децениското работење на десничарскиот медиумски еко-систем (радио-шоуа, Фокс њуз, Бреитбарт и сл). Како што објаснува Атлантик, додека сериозните Републиканци во политичката класа со години се потсмеваа на провокаторите од наводно безмоќните рабови на партијата, тие беа зафатени со преземање на партијата. "Што ако истото и се случи на левицата?"

Вашингтон пост фати да ја критикува и диетата на Трамп

Таман ќе помислиш дека дефинитивно е параноичен со неговите верглања дека големите медиуми се намерачени да го распнат по секоја цена и за која било тема, информативен тешкаш како Вашингтон пост ничим изазван излегува со текст со кој се критикува како човекот јаде.

Како оние заштитни фактори ни го чуваат грбот (ако има кој да ти го намачка)?

Не беше толку одамна кога изгореноста од првите денови на летниот одмор се сметаше за речиси неизбежна цена на убавината (гориш, се лупиш и после имаш добра основа за тен). Денеска сонцето значи брчки, дамки на дробот, рак на кожата. За среќа, постојат оние чуда за мачкање кои можат многу да помогнат, ама па, комплицирани скроз.

На студентите сега им треба апликација за да имаат секс

Американските универзитетски кампови до толку се станати легла на напнати политички коректни младинци што некои стенд-ап комичари престанаа да настапуваат во нив за да не мора со новите комсомолци за секоја заебанција или виц да се објаснуваат дали е хејтспич, дискриминација или расизам. Сега имаат и апликација за давање согласност за интимни односи. Стискаш на копче и му даваш на знаење на црепот дека може да те фати за цицка.  

Крафтверк направија точак

Откако на Тур Д Франс му посветија и сингл во 1983 и албум во 2003, Крафтверк решија дополнително да ја продлабочат врската со нивниот аналоген фетиш. Цената е боли глава. Ако решите да го купите, на точакот долго време ќе му пеете „Ја твој слуга, ја твој работник“.

Католици вс. фиџет спинери

Да не биде дека "чеканот во сè гледа шајка" ама длабоко упатени католици видоа ерес во фиџет спинерот и неговото поврзување со Светото Тројство.

Шкрели не може да најде порота која не го мрази

Адвокатскиот тим на Мартин Шкрели се соочува со консеквенците од она на кое тој своевремено беше многу горд: сите да го познаваат како ѓубре од човек.

Бизнисот од 100 милијарди долари што функционира на наивност

Тие што некогаш имале сериозна болка во грб или половина, знаат дека во тие моменти не ти е дојдено да правиш компаративна анализа на иљачи или да читаш ривјуа кој појас или кој доктор стварно помагаат за болката. Едноставно, се што ќе ти речат дека помага, земаш и чекаш само да те пушти. И на таа цака се базира целата индустрија за борба против болка во грбот.

Авионски превоз на стока и луѓе

Две предлог идеи од авионскиот превоз: едни сакаат да воведат стоење, други планираат човек да може да плати местото до него да биде празно, за да не те свруќува тој до тебе, кога ќе заспие па ќе рашири тоа бедрата.

Квакни му на идиотот пред тебе

Актуелната палета на звуци од автомобилски сирени знае да биде стресна и непотребно да го одвлекува вниманието на учесниците во сообраќајот. Тестирања покажале дека луѓето попрво би слушале квакање на патки.

Жена никогаш и никого не заборава

Нова ДНК студија фрла светло врз една од најголемите енигми во биологијата и навестува дека женскиот мозок е уште покомплициран отколку што досега се мислеше. Можно е жената да апсорбира ДНК од секој маж со кој имала секс.

Прада продава спајалица за 185 долари

Ова единствено може да биде во ред само ако се оди по логиката дека ако има луѓе што ќе платат 2.100 долари за Баленсијага што личи на Икеа торба од 1 долар, има и луѓе што ќе платат 185 долари за спајалица.

Роди ме мајко згодна и фрли ме во чешка електрана?

Раководството на нуклеарна електрана од Чешка ја смогна сета своја мудрост за да дојде до најдобрата ЕјчАр идеја последниве десетина години: која кандидатка за приправник ќе победи на изборот за убавица, таа ќе ја добие позицијата.

Експозе за вакцинирање (што пак ништо нема да промени)

Како што Џон Оливер ќе каже по 15-минутно верглање: можам цела вечер да останам тука и точка по точка да ги отфрлам сите можни заговорнички теории и пак ќе има луѓе што ќе мислат дека ова е заговор.

А ова е твојот мозок кога ќе му дадеш власт

Во текст со наслов "Моќта предизвикува оштетување на мозокот" се објаснува дека со тек на време лидерите ги губат менталните капацитети - посебно способноста за читање на други луѓе - кои биле клучни за нивниот подем.