Во вашата книга (Библија на лошата храна: Како да јадеше како грешник) покривате многу видови храна кои имаат лоша репутација - путер, сол, газирани пијалоци па дури и алкохол. Која е вашиот главен совет кога се работи за ови порочни задоволства?
Доктор Арон Керол: Најдобро што можете да сторите е да сфатите дека базата на докази и податоци дека оваа храна е лоша за вас е прилично тенка. И дека ако јадете умерено и не се секирате многу околу тоа, најверојатно ќе бидете многу поздрави и сигурно многу посреќни.
Кога велите дека не постојат докази дека ваквата храна е штетна, дали тоа значи дека сите информации кои ги имаме се погрешни? Или пак луѓето, особено докторите, не знаат баш што зборуваат.
Има по малку и од двете. Делумно се должи на тоа што долго време имаме слаба евиденција за нутриционизмот. Земаме студии правени врз животни, или пак истражувања кои ни покажуваат само некои врски и асоцијации па потоа се трудиме тие да го претставиме како причинско-последични односи. Сумарно, не постојат доволно уверливи докази за демонизирање на оваа храна како што луѓето веруваат.
Има и некои изненадувања во вашата книга, на пример, дека млекото не е толку хранливо како што се мисли.
Ако погледнете во природата, ние сме единствените животни кои конзумираат млеко откако ќе пораснат. А немаме потреба од тоа. Делумно се работи за политика и за фактот дека државата се вклучи во промовирање млечни производи и целата таа индустрија. Но не постојат факти дека млекото ни е потребно откако ќе пораснеме. Една од работите на која инсистирам во книгата е дека сите пијалоци кои имаат калории треба да ги третираме како алкохол. Не е штетно ако е умерено. Што да правиш со сув бисквит? Нормално дека ќе сакаш да го изедеш со чаша млеко. Тоа е како десерт, ќе го јадеш затоа што го сакаш а не затоа што ти треба.
Живите јајца исто така имаат лоша репутација. Колку навистина се лоши тие?
И тоа е пример кој носи ризик. Но повторно, тој ризик треба да се одмерува во однос на задоволството. Ако јадеш некое слатко со живо јајце еднаш неделно до крајот на животот, речиси сигурно нема да дојдеш во контакт со салмонела. Ако дојдеш во контакт со салмонела, нема да се разболеш од неа. Ако се разболеш, нема да забележиш. Шансите навистина да легнеш од тоа се екстремно мали. Но задоволствата да си играш со храна со своите деца, да подготвувате заедно јадења сигурно ќе го зголеми квалитетот на вашиот живот повеќе отколку што тоа би носело некој ризик по здравјето.
Звучи како да постојат многу дезинформации околу храната. Кој е вашиот главен прехрамбен совет?
Генерално, треба да се ограничи јадењето процесирана храна колку што можете. Природата сакала да јадеме јаболко во неговата природна амбалажа, не како сок од јаболко. За храната треба да сме информирани, да знаеме од каде доаѓа и да ѝ пристапиме со ведрина а не постојано да мислиме дека ако не постапуваме како што ни рекле експертите, ќе се разболиме и ќе умреме. Тоа просто не е точно.
Семејните празници кои следуваат зимно време често ни носат нервоза или анксиозност, дали погрешивме што јадевме месо или пиевме Кока Кола. Не сте погрешиле. Прехранбените навики не се прават за неколку дена. И секогаш треба да ја вагате штетноста и користа. А користа е радост, задоволство и зголемен квалитет на животот. Да, Кока колата или питата се процесирана храна, но поважна е мерката. Со едно најадување нема да го избришете сиот труд кој сте го вложиле околу храната.
Морам да ве прашам, што ќе имате на софра на Денот на благодарноста?
Сè што можам да стрпам во себе тој ден. Обожавам мисирка, добро испечена. Го обожавам и пирето и полнењето на мисирката и сосовите, а слатка пита е најдобриот десерт на светот и ќе изедам колку што ми собира стомакот.