Лото премија: доживотно издржување, луксузно

Најголемата британска лотарија започнува нова игра во која главната награда е се што може да побара човек кој разумно очекува дека ќе го истера животот на грбот на лото премија, а како што секој професионален лото сонувач знае тоа не се претерано многу пари, туку редовност.

Премијата во новата игра на Камелот е 10.000 фунти месечно, до крајот на животот. Премијата нема краен лимит, и сè зависи од твојот животен век.

Лотаријата крајно прецизно ја има одредено својата публика па во соопштението околу новата игра објаснува дека таа е наменета за „растечкиот број играчи кои сонуваат за долгорочна финансиска безбедност, наместо за големи џек-пот премии.“

И покрај тоа што Британија има цела серија на добитници на милионски суми кој ја спискаа својата премија, од Камелот негираат дека таквата пракса е поврзана со новиот тип на игра. За разлика од американската лотарија, во Британија сите премии се исплаќаат еднократно.

22 ноември 2017 - 11:16