Официјално наведената мисија на шоуто Дроглаб е промоција на намалување на штетата и образование околу наркотиците преку реални искуства од користење наркотици.
„Се обидуваме видеата да ги направиме да биде лесни за гледање, со забавни но истовремено и бројни сериозни забелешки. За младите луѓе кои сакаат да експериментираат, но и за родителите кој сакаат да знаат што може нивните деца да пробаат,“ објаснува еден од тројцата водители на шоуто.
За безбедност на водителите сите дроги што се консумираат на шоуто, прво се проверени од органи на Министерството за здравство, а за време на целото снимање е присутна и медицинска екипа.
Забелешката на експертите за зависност е дека шоуто е „добра алатка, ама со ограничувања“ бидејќи ја покажува реакцијата само на тројцата водители, што не значи дека таа ќе биде иста кај останатите луѓе, како и тоа дека дава „информации кои се некомплетни и наведуваат на погрешни заклучоци.“
Водителите, од крајно разбрани причини, одбиваат да пробаат супстанци „од кои ќе станеш зависен по само едно користење“ како хероин или метамфетамин, иако тоа масовно се бара од нив во коментарите на Јутјуб. Ова е уште една основа за критика на шоуто, бидејќи тоа според експертите „не се труди доволно за да ги разбие меинстрим ставовите кон користењето на супстанции кои се најстигматизирани.“
Меѓу сличните програми финансирани од холандската влада е и шоуто од 2005, Пукај и голтај, кое е на тема дрога и секс, и во него водителите и експериментираат со дроги и истражуваат секс играчки, порно, фетиши и друго.
Сите видеа (имаат и превод) тука