Двата стана се лепенка еден до друг во зградата „Врвот“ на планината Николсон и се продадени за рекордни 149 милиони долари на еден купувач.
Едниот стан е платен 76,8 милиони долари за површина од 425 метри квадратни, а вториот 71,7 милиони долари за 394 метри квадратни. Цената по квадрат му доаѓа 180.705 долари за првиот, и 181.979 долари за метар квадратен од вториот стан.
Со оваа цена вториот стан е и најскапиот стан во Азија по цена на метар квадратен.
Наспроти имотот на новиот газда, според УБС, просечниот животен простор во Хонгконг изнесува 14 метри квадратни по човек. Една слична математика покажува дека на просечниот квалификуван работник во Хонгконг му е потребна целосната 20 годишна плата за да може да купи стан од 60 метри квадратни во центарот на градот.