Понудата е дел од шопинг празникот организиран од Алибаба, кој се паѓа на 11 ноември (11.11), па од таму е и цената на понудата која во оригинал изнесува 11.111 јуани.
Првите 33-ца муштерии кои ќе купат доживотна залиха на алкохол добиваат по 12 шишиња баиџу секој месец сè до нивната смрт. Доколку умрат во првите пет години од нарачката, доставата на алкохол ќе може да ја наследи роднина по нивен избор.
Баиџу се добива од сорго (житарка) или ориз и обично е над 40% алкохол. Се пие во мали чашки и по вкус најблиску е до вотка. Стандардната цена за оваа понуда, вон празникот, е околу 13.000 евра, а едно шише во продавница се продава за 25 евра.
Освен смрт, втор начин да заврши договорот е компанијата што ја дава понудата да банкротира.