Научниците од Упсала Универзитетот ги пресметуваат податоците од над 3 милиони поединци (мешана публика, и со и без кучиња) на возраст меѓу 40 и 80 години, за да видат каква е смртноста кај овие со кучиња во однос на луѓето што немаат пес по дома. Резултатот е дека дури и кога станува збор за самци (самки?) оние што имале куче покажале значително намалување на кардиоваскуларните болести во споредба со оние што немале.
„Многу интересно откритие во студијата е дека имањето куче е посебно важно како заштитен фактор кај луѓето што живеат сами, која како група претходно е оценета дека има повисок ризик од болести и смрт отколку оние кои живеат во домаќинство со повеќе луѓе,“ се објаснува во соопштението за медиуми од научниците.
Студијата решава и уште една интер-кучкарска дебата, и заклучува дека големите раси на кучиња имаат поголем бенефит по здравјето и долговечноста на луѓето отколку малите раси. Најголем ќар имало од кучиња што доаѓаат од ловџиски раси.
„Знаеме дека сопствениците на кучиња, генерално, имаат повисоко ниво на физичка активност, што може да биде едно од објаснувањата за ваквите резултати. Другите објаснувања вклучуваат поголема добробит и социјални контакти или влијанието на кучето врз микробиомот на сопственикот.
Исто така може да постои и разлика меѓу сопствениците и не сопствениците уште пред купување на кучето, што би можело да влијае на нашите резултати, како на пример тоа дека луѓето што решаваат да земат куче обично знаат да бидат поактивни и со подобро здравје,“ објаснува еден од ко-авторите на студијата.
Исто така важно е да не се претерува со големината на кучињата: