Пејрониевото заболување (ќе го сретнете и како пенилна фиброза) е пореметување во ткивото на пенисот кое доведува до негово закривување во ерективна состојба. Луѓето кои си ја имаат оваа мака понекогаш имаат болни ерекции а сексот им е отежнат, или, во драматични околности, оневозможен.
Само во Велика Британија од пенилна фиброза страдаат над 150.000 мажи иако оваа бројка веројатно е под реалната бидејќи не сите закривени одат на доктор заради тоа.
Студијата базирана на проучување на 1,5 милиони медицински случаи утврдила дека луѓето со Пејрониево заболување истовремено имаат 40% повеќе шанси за добивање рак на тестиси, 29% поголем ризик од меланом и 40% повеќе шанси за развој на стомачен канцер.
Утврдена е и генетска врска меѓу ова заболување и некои видови рак. На пример, татко и син кои имаат пенилна фиброза ги делат истите гени кои се сомничат за појавување на уролошки канцери.
Екипата препорачува овие луѓе почесто да бидат мониторирани за ракот да се открие во раните фази иако постојат лекари кои се сомневаат во ефектите на масовниот скрининг.