Јазот меѓу сето она што нашите уреди можат да го сторат и колку законот од тоа може да регулира постојано се проширува. Злоупотребите можат да бидат особено длабоки во областа на теле-дилдониката, можностите сексуални играрии да се прават на даљинско.
Модерните вибратори го користат модерниот "low energy" блутут. Ако едниот партнер има запушач у дупе, другиов парнер може да ги команда вибрациите и шемите на алатката. И дотука е ок. Само што ако партнерот кој командува излезе од опсег, остава дупка (во комуникацијата на уредите, инаку дупката, нели, пополнета). И таа дупка некој може да ја пополни и да ги преземе командите.
Механизмот го објаснува Алекс Ломакс, тестер за пенетрации во една сајбер фирма кој го има сковано поимот „штрафење“ кој го означува тоа неповикано упаѓање со цел да се пилотира нечие дилдо, вибратор, анална тапа, што и да е.
Тој тоа и го демонстрирал, и тоа на Lovense Hush кој се рекламира како „најмоќниот вибрирачки анален штекер“. Што останува пак за поевтините модели?
Во "И вибраторот ве шпионира" пишувавме за случајот со еден производител на модерни сексуални играчки кој мораше да плати отштета заради сајбер фрагилноста на своите уреди. Релативно скромна отштета, затоа што не многу муштерии се вољни јавно да тужат таква компанија.
Ранливи се и апликациите како Body Chat или вибраторот со камера Siime Eyе кој лесно може да се хакне па некој јабанџија да има детален видео запис од вашите гениталии а зналци можат да упаднат и во мастурбирачките сеанси на платформи како Четурбејт или Скајп.
Но, ситуацијата е посебно нејасна на правен терен. Дали тавиот упад во судница ќе се третира како стандардно кривично дело, или сексуално злосторство, или сајбер криминал? Гизмодо контактирале неколкумина експерти, но не се еднозначни на темата. Едни велат дека согласноста е главен елемент во еден нормален сексуален чин, а овде неа ја нема. Ама се остава простор такво дело да се претстави како влегување во боксерски ринг. Штом си влегол, си знаел дека е можно да примиш некој удар. Под појас.