Дрогата е заплената од Дарио Антонио Усуга познат како Отониел, првиот човек на Заливскиот клан, најмоќната колумбиска банда за шверц на наркотици. Таа е откриена под земја на четири фарми во Антиокија, делот од Колумбија во кој некогаш се наоѓаше империјата на Ескобар.
Со последната пратка, колумбиската полиција годинава има запленето вкупно 328,4 тони кокаин, со што веќе е надмината „бербата“ од 2016 од 287 тони.
Овие 10.886.200 грама кои требало да завршат во Мајами, Њујорк, Лондон и остатокот од белиот свет, сега нема да мрднат од колумбиска почва. Она што запленувањето кокаин во Колумбија дополнително го комплицира во глобалниот ланец на снабдување е што тој кокаин е со 100-процентна чистота. Ова значи дека тој додека да стигне до крајната дестинација, откако секој ќе се вмеша во него, на крај пазарот губи далеку поголем количина.
Ако се тргне од една британска студија која кажува дека чистота на британскиот кокаин моментално е на 80% (на улица), тоа значи дека тежината на запленетата пратка кога ќе влезе во оптек би била зголемена за 20%, и вкупно ќе изнесува 13.063.464 грам-кесички кокаин. (Со уште една локална претпоставка „да грам буде грам, а не 0,8“.)
Прашањето на Вајс е колку оваа рација ќе има влијание на глобалниот синџир на снабдување со кокаин? Одговорот на професорот Адам Винсток е „ништо посебно“.
„Секаде каде што ќе најдеме тони, знаеме дека има други тони што минуваат секоја недела. Не би очекувал ова да има некое значително влијание на веќе и онака преплавениот британски пазар, кој забележува и раст на чистота,“ објаснува Винсток.
Со сличен став е и претставникот на Волтфејс, тинк-тенкот за политики за наркотици, Џорџ Мекбрајд: „Годишно во светот се произведуваат над 850 тони кокаин, па ова запленување не е некоја значајна количина во големата слика. Ваквите апсења обично се само за пи-ар и имаат многу мало влијание на достапноста, цената или чистотата. Во моментов имаме стабилно снабдување со евтин и чист кокаин, а производството во Колумбија бележи раст, па запленувањето не е во време кога е веројатно да има големо влијание.
Винсток објаснува дека после толку години војна против нарко-картелите тие пак се идентично јаки и успешни, а дрогата се поквалитетна и поевтина.
„Според извештајот на О.Н. од 2017, глобално, побарувачката за кокаин е еднакво голема како и секогаш. Производството на кокаин во Колумбија е највисокото ниво во последните две децении. Оние што ја водат војната против наркотиците очигледно бијат изгубена битка.
Луѓето сакаат кокаин; може многу пари да се направат од кокаин. И него никаде нема да го снема,“ порачува професорот.
Во меѓувреме некои не дозволуваат да ги изненади криза: