Според блиските Ејмс последните неколку дена била во депресија по масовното он-лајн малтретирање што го доживеала откако на Твитер напишала дека одбила да снима порно сцена со маж кој учествувал и во геј порно.
По ова освен бараж од навреди, Ејмс од троловите е прозивана и дека е хомофоб, што таа го негира и објаснува дека во порно индустријата најголемиот дел од девојките заради безбедност не снимаат со мажи кои учествуваат во геј порно.
Веста за смртта ја соопштува нејзиниот сопруг, и не се знаат никакви дополнителни информации околу темата, освен дека полицијата го истражува убиството.
Ејмс по потекло е од Канада, во порно индустријата влегува пред 4 години и има снимано за речиси секое големо порно студио, а во овој период има добиено неколку награди од АВН.