До 2050 година светското население ќе набабри на 9,6 милијарди луѓе и 60% од нив ќе живеат во урбани подрачја. Како ќе се нахранат сите тие градски стомаци е предизвикот со кој се справува шведскиот проект Плантагон, кој планира да ги донесе нивите и полињата во самите градови.
Се работи за небодер кој освен стандардни канцелариски простории, во себе има и гигантска плантажа на зеленчук. Конструкцијата чини околу 40 милиони долари и првата зграда во шведскиот град Линкопинг треба да биде готова за три години.
„Светската прехранбена зграда“ ќе произведува оклу 550 милиони тони зеленчук годишно а одгледувањето и бербата ќе бидат автоматизирани. Растенијата ќе се хранат хидропонично, што значи дека нивните корења ќе бидат натопени во вода збогатени со хранливите материи кои им се потребни.
А конференциските канцеларии и другите работни простории ќе имаат поглед на бавча:
Шведскиот Плантагон ќе заштедува 1.100 тони CO2 и 40 милиони литри вода годишно.