Неодамна објавена студија покажува дека баш за празниците помалку луѓе си го одземаат животот, а митот за растот на самоубиства во сезоната на празници постои најмногу благодарејќи на неговото упорно верглање во медиумите, „а посебно во весниците“.
Истражувачите од Универзитетот Пенсилванија користат бројки од американското ЦДЦ (Центар за контрола на болести), според кои просечниот број на самоубиства по ден во ноември и декември 2015 бил најнизок во текот на годината. Бројките покажале дека пик на самоубиства има во мај и јуни, а највисок дневен просек имал март. ЦДЦ дури има и посебна страна посветена на негирање на митот околу новогодишните празници и самоубиствата.
Истата екипа прави и анализа колку митот се појавува во новинските извештаи од 1999 до денес. Тие споредуваат колку стории од весници во овој период го повторуваат митот а колку го негираат. Минатата година за време на празниците, 64% од сториите (две-третини) што ги поврзуваат самоубиствата и празниците го повторувале митот, додека 36% го негирале. Во анализата не се вклучени стории од медиуми што имаат само он-лајн издание.
Во 18-те години анализирани во студијата, имало само две години во кои повеќе од 60% од сториите го негирале и разоткривале овој мит. Најчестиот начин на кој се развива овој мит е преку неоспорени цитати и тврдења од обични луѓе без никакви експертски квалификации на темата.
Проблемот и не е толку што ова ги дезинформира луѓето околу темата, туку што може да има вистинско влијание врз луѓето кои размислуваат за самоубиство.