Вести

Фармацевтски гигант штелувал истражување за да продава ризичен лек

Фармацевтскиот гигант Амген e фатен дека манипулирал податоци од клиничко испитување на лек од кој очекувал профит од милијарди долари. Четири години криел несакани ефекти од лекот Tavneos, со што предизвикал осум смртни случаи и загрозил животи на 70 пациенти. ФДА ја потврди измамата и има право да го повлече лекот, но сè уште не го користи тоа овластување.

Синовите на Трамп вадат профит од рударскиот дил на САД со Казахстан

Инвестициски фирми поврзани со синовите на претседателот Трамп и министерот за енергетика Лутник имаат удел во стратегискиот договор со Казахстан од 1,6 милијарди долари за експлоатација на волфрам. Овој метал е од критична важност на САД за производство на чипови, сензори, муниција и одбранбени системи

Сорос донирал 102 милиони долари за радикалните левичарски кандидати

Семејството на контроверзниот финансиер Џорџ Сорос досега вложило 103 милиони долари за демократски кандидати на среднорочните избори за Конгресот. Стариот повеќе го нема последниот збор, а се чини дека синот Алекс всушност го финансира радикалното левичарско крило за да ја преземе контролата врз Демократската партија.

Речник

Америка e на Балканот само заради гасот

Политиката „Америка на прво место“ ја прегази стратегијата на Европа за енергетски развој на шесте земји од Западен Балкан. Во новиот свет каде што моќта е поважна од правилата, Брисел со своите регулативи и зелени агенди не може да се натпреварува со американската тактика на нудење политички бенефиции за инфраструктурни и енергетски проекти.

Шпанија ќе легализира речиси 1 милион имигранти

Социјалистичката влада на Шпанија ја вознемири цела Европа кога најави легализирање на 500.000 мигранти. Проценката беше потфрлање. Доби 1,3 милиони барања за доделување документи за престој и работа, од кои се очекува да бидат одобрени 900.000. Брисел објави дека амнестијата нема да важи во другите членки на ЕУ, но границите на Шенген зоната се отворени.

Крим ќе ја реши украинската војна

Не е тајна дека за Владимир Путин, Крим за Русија е она што е Храмовата гора во Ерусалим за јудаизмот, нивното најсвето место од кое, после рушењето на вториот храм, останат е само ѕидот на плачот. Крим има „непроценливо цивилизациско, па дури и сакрално значење за Русија“, има кажано Путин уште во 2014 година. И покрај целата негова духовна тежина, деновиве за Москва е поважна неговата стратешка вредност.

Оклахома ќе забранува порно

Во серија нови закони предложени од републиканците од Оклахома е и законот за целосна забрана на порнографија (и гледање и снимање) во целата сојузна држава, плус, засилени казни за педофилски содржини.

Новата ИТ престолнина ќе биде Хангжу а не Пало Алто?

Западните технолошки могули беа убедени дека со ОпенАИ и другите напредни алатки на вештачката интелигенција, на подолг рок им е осигурена доминацијата и глобалната пол позиција во ова поле. И одеднаш, Кинезиве вадат новитет што ги вади од гаќи. Моќен и ефикасен исто или повеќе, евтин за тренирање, транспарентен и достапен за сечија локација и приход. Фрка.

Џеф Безос побрза да му направи мерак на Трамп

Од корпоративниот сајт на Амазон, вториот по големина работодавец на светот, без трага се збришани сите корпоративни политики на компанијата во кои се истакнуваше како таа се залага за ЛГБТ правата и расната рамноправност.

Машинеријо, каде со овие боледувања?

Германија е прогласена за „светски шампион во боледувања“ од најголемата осигурителна компанија во земјата според чии математики Германецот во просек зема 20 дена боледување годишно.

Милијардер до работниците: Пензионирање на 65 години е луда идеја

Во ера кога пензионирањето изгледа како хоризонт кој сè повеќе се оддалечува, извршниот директор на една од најмоќните компании во светот, БлекРок, има пасив-агресив порака до работниците. Лари Финк вика: Никој не треба да биде принудуван да работи повеќе отколку што сака, но, лудо е да се пензионирате на 65 години.

Осаменоста е поврзана со стотици протеини

Познато е дека осаменоста и социјалната изолација делуваат негативно на вкупната состојба на човекот а едно ново кинеско-британско истражување ја покажува биолошката равенка на таа состојба. Кога ќе чуеме „протеини“, обично имаме позитивни асоцијации, меѓутоа не секогаш е тоа оправдано.

ТикТок како опиум за народот

Со илјадници години, луѓето ги потчинуваа своите непријатели со нанесување пекол, болка и и беда. Но, со текот на времето се развиваа и други методи за контрола. Се откри дека и задоволството може да биде оружје и да го онеспособи непријателот така што ќе го анестезира и оглупи. И ете ги социјалните мрежи како оружје за масовно утупување.

Волгринс е пред зијан од 200 милиони долари заради врати од фрижидери

Ланецот аптеки Волгринс и компанијата Кулер скринс се тужат еден со друг откако овие првите пробаа да излезат од договорот за инсталирање на „телевизор врати“ на фрижидерите во сите нивни продавници.

Трамп му го укина обезбедувањето на Помпео

Мајк Помпео беше министер за надворешни работи на САД во времето на Трамп, кој заради острата позиција што во тоа време ја имаше кон Иран стана и мета на закани од Техеран, заради што доби и дополнително обезбедување. Сега веќе го нема.

Кој се родил како маж и ќе служи затвор како маж

По ново американските транссексуалци се враќаат во машките затвори, поточно, кој како е роден, така и ќе ја служи затворската казна, без разлика како се чувствува во моментот. Во пракса доминантно се работи за биолошки мажи кои во текот на животот или пред лежењето затвор решиле дека се чувствуваат како жена.

Саудиска Арабија му плати на Ханс Цимер да им ја среди химната

Оскаровецот и еден од најдобрите живи композитори на музика, Ханс Цимер, е ангажиран да работи на химната на Саудиска Арабија и уште неколку проекти во земјата.

Наместо да го пресуши, Трамп загњури во мочуриштето

Уште во првиот мандат а особено во пресрет на вториот, Доналд Трамп го опишуваше политичкиот Вашингтон како корумпирано мочуриште кое тој ќе го пресуши. Наспроти тоа, во лавината извршни уредби кои ги потпиша уште првиот ден, меѓу другото реши од ланец да ги пушти лобистите, да го олабави добивањето подароци и да ги укине етичките правила на оваа тема кои ги донесе Бајден.   

Првите искри меѓу Трамп и Маск

Во придружба на првите луѓе на три технолошки гиганти од САД, американскиот претседател Доналд Трамп пред некој ден најави креирање нова компанија за инфраструктура за вештачка интелигенција во која ќе бидат вбризгани 500 милијарди долари. Неговиот главен човек од тој сектор, Илон Маск, сега вика, немаат тие толку пари.

Дали Европа ќе истовари војска во Украина?

Присуството на западни специјалци во Украина, кое веќе не се крие, се води како „патики на земја“, потешкото прашање за Европа е дали ќе смогне сили за испраќање на „чизми на земја“.

Трамп ќе продава милиони квадрати државни канцеларии

До две-третини од канцелариите и останатиот деловен простор со кој располага американската федерална влада ќе се најдат на распродажба по доаѓањето на новата постава во Белата куќа.

Трамп ја откорна ДЕИ програмата од администрацијата

Сите вработените во американската државна бирократија кои се грижат за исполнување на ДЕИ квотите и агендата (разноликост, инклузија и рамноправност), од денес колективно се на платен одмор.

Кир Стармер решил да ги брани по секоја цена

Во име на нечија заштита, знаеле да се прават големи бељи. Таква е и оваа намера на британскиот премиер Кир Стармер да ги заштити вработените лица да не бидат вмешувани во дискусии на сензитивни теми на нивните работни места, вклучително и од страна на клиентите. А ако се случи тоа, казнет да биде работодавецот. Навидум ок, ама ај да видиме некои ситуации.

Трамп најави 500 милијарди долари за ВИ

На првиот ден од мандатот Доналд Трамп објави инвестиција од 500 милијарди долари во ВИ секторот во САД, платена од приватни инвеститори, меѓу кои Оракл, ОпенАИ и јапонската Софтбанк.

Комбинација од професионална фотографија и исклучителна издржливост

Компанијата Xiaomi за потрошувачка електроника и паметно производство со паметни телефони и паметни уреди поврзани преку платформа на Интернет на работи ("IoT") во својот центар, денеска најави лансирање на серијата Redmi Note 14 во Cеверна Македонија за време на регионалниот настан CEE & Nordics одржан во Прага. Најновата серија во портфолиото на Xiaomi вклучува пет уреди: Redmi Note 14 Pro+ 5G, Redmi Note 14 Pro 5G, Redmi Note 14 Pro, Redmi Note 14 5G и Redmi Note 14. Со систем за AI камера со висока резолуција, супериорна издржливост и импресивно корисничко искуство, серијата Redmi Note 14 носи сеопфатни подобрувања кои ги приближуваат карактеристиките на flagship моделите на пошироката публика.

Нетанјаху лаже и сака да го саботира примирјето

Претседателот Трамп и неговиот пратеник одбија да дозволат игрите и изговорите на Нетанјаху да го одложат потпишувањето на мировниот договор со кој заложниците ќе бидат ослободени, а војната во Газа ќе заврши. Меѓутоа Нетанјаху се уште се обидува да го потопи договорот, пишува израелски Хaарец.

Последното понижување на Бајден

Во анкета на американски регистрирани гласачи, најголемиот дел од испитаниците не можеле да се сетат на еден успех од 4-годишното владеење на Џо Бајден.

На секои 45 минути по еден милионер ја напушта Британија

Во годината откако Лабуристите се дојдени на власт во Британија, по еден милионер ја напушта земјата на секои 45 минути, покажуваат бројките што ги објавува британски Телеграф.

Трамп почна да ја развластува „длабоката држава“

Еден од првите потези на новиот американски претседател (овде ги имате сите укази кои ги потпиша) по седнувањето на тронот беше одземање на безбедносните сертификати на 50 разузнавачки лица кои учествуваа во аферата со лаптопот на Ханетр Бајден и тврдеа дека таа афера е од руско производство. Во некои важни кругови во Вашингтон, ова се доживува како атомска бомба.

Богатите во Лос Анџелес најмувале приватни пожарникари

И во минатите и во сегашните пожари во Лос Анџелес, полека исплива еден невообичаен бизнис, приватни пожарникари и служби, составени главно од пожарникари ветерани кои ги наплаќаат своите услуги кога се најмени. А ги ангажираат не само богати поединци туку и осигурителни компании кои ќе изгорат ако треба да обештетат некои скапо осигурени објекти.