
Пред да се појави пандемијата на ковид-19, богатството на докторот Ентони Фаучи било проценето на 7,6 милиони долари. Кога завршија карантините и непопуларните мерки како носење маски и оддржување растојание, Фаучи веќе поседувал 15 милиони долари, се наведува во деталниот финансиски извештај на 141 страница.
Токму во тој период Фаучи се „прослави“ со инсистирањето дека коронавирусот се раширил по природен пат. Неговата поддршка за трудот „Проксималното потекло на САРС-КоВ-2“ се користеше како аргумент за отфрлање на теориите дека коронавирусот всушност протекол од биолабораторија во Вухан.
По пет децении поминати во јавни служби, Фаучи (84) се пензионирал со годишна плата од 480.654 долари, што е највисока за државен бирократ. Неговата сопруга, д-р Кристин Грејди, како вработена во одделот за биоетика на Министерството за здравство, добила плата од 243.749 долари.
Најисплатлива му била првата година по пензионирањето.
Во текот на 2023 година тој добил 1,15 милиони долари од неколку исплати на шестцифрени суми - во април, мај и во јуни по 100.000 долари, во септември 150.000 и во ноември уште 700.000.
Во финансиски картички не е прецизно наведено зошто и од каде ги добил парите, но познато е дека во тоа време одржал говори пред групи од посебни интереси, како Националната асоцијација на аптеки и Американските планови за здравствено осигурување, а гостувал и на настани организирани од фирмата за управување со средства World Quant, Јапонски медицински конгрес и Еминентна серија.
Во март 2023 тој година склучил договор од 5 милиони долари со издавачката куќа Penguin Random House за објавување на автобиографијата „На повик: Патување на лекар во јавна служба“, која е во продажба од јуни 2024 година.
Фаучи се опарил и од наградата „Калдероне“ од 50.000 долари што ја доделува Универзитетот Колумбија и „Линхард“ од 40.000 долари од Националната академија за медицина.
По пензионирањето Фаучи уживал обезбедување од маршали, финансирано со пари од даночните обврзници.
Сите тие заработија многу пари. Можат да си дозволат да ангажираат сопствено обезбедување, изјави претседателот Доналд Трамп во јануари, откако ги укина средствата за обезбедување на Фаучи и други поранешни функционери.