
Долгогодишен службеник во Националната агенција за безбедност тврди дека идеолошкото заробување на НСА почнало пред една деценија. Транс-активистите се зацврстиле на моќни позиции, ги притискале вработените на обуки за превоспитување и ја загрозиле националната безбедност на САД. Агенцијата е одговорна за собирање и следење на дигитални разузнавачки информации и е клучен дел од безбедносниот апарат.
Се формирале разни групи: на Афроамериканци, на ветерани, или на гордоста. Состаноците зачестиле од еднаш месечно на цела недела, па и преку цел месец.
Ве ангажирале како математичар или системски инженер, но ќе го поминете времето по овие состаноци цел ден, вели свиркачот.
Вработените биле предупредувани дека без учество на овие настани нема да може да напредуваат.
Сè стана гордост. Обуките беа „привилегија“. Една госпоѓа држеше часови како да се зборува „родово неутрално“... Тоа беше како култ за жестока промоција на родовата идеологија, вели инсајдерот во НСА.
Во мрежата паралелно се ширеле социјалистички и марксистички идеи. Вработените што ќе потсетеле дека главната задача им е да се заштити САД од непријатели, биле етикетирани како „трансфоби“ и „хомофоби“ или „расисти“.
Свиркачот тврди дека фокусирањето на ДЕИ (диверзитет, правичност, инклузија) ги деградирало примарните разузнавачки активности на агенцијата.
Имате луѓе што се фокусирани на оваа идеологија и не вложуваат труд во својата работа. Не е важно дали сте политички лево или десно, но ако се прашувате „како ова се однесува на родовата идеологија?“ додека пишувате извештај, може да убиете луѓе на терен.
Со пристап до сите дневници и записи, разузнавачките агенции не би требало да имаат проблеми да ги спроведат барањата од меморандумот на Габард – да ги идентификуваат транс-фетишистите, да ги отпуштат и да им ги одземат безбедносни сертификати.
Само влезете и завршете ја својата работа. Оставете го тоа срање пред врата, вели свиркачот.