Златниот орел нема да ги преживее ветерниците

Речиаси за половина е скокната смртноста на златните орли во Америка а мапите покажуваат дека тие најчесто гинат кадешто се најгусти инвестициите за електрична енергија добиена од ветар. Иако „нето нула“ хистеријата е на пауза после Трамп, за орлите нема добри вести. Допрва ќе се градат ветерници чии перки стануваат големи речиси колку Ајфеловата кула.

Се појавија нови вознемирувачки статистички податоци кои сугерираат дека американскиот златен орел е на пат на истребување поради ветерните турбини. 

Нивната стапка на смртност во последните 4 години е зголемена за 49% од стапката од претходниот седумгодишен период. 

САД имаат популација од 30.000 - 40.000 златни орли но се работи за птици кои бавно се размножуваат и секој дополнителен фактор на угинување го доведува во прашање нивниот опстанок.

Поради доминантноста на „нето нула“ наративот, нема премногу истражувања за штетите по животот и човековата околина што ги прават модерните, обновливи извори на  енергија, бидејќи таквите показатели обично се дочекуваат како кочничари во напредокот.

Иако таа квази-научна идеологија е во дефанзива после доаѓањето на Доналд Трамп на власт, за златните орли во Америка, на повидок нема добри вести: во моментов постои инфраструктура за ветерна енергија за 160.000 MW а најавени се инвестиции за дополнителни 230.000 MW.

Денеска во светот се прават ветерници со сечила чиј дијапазон се приближува до висината на Ајфеловата кула (330 метри).

24 април 2025 - 11:29