Вести

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Бугарија добро одигра со батериите

Една од моментално најинтересните епизоди во меѓународниот енергетски сектор се случува на неочекувано место: во Бугарија. Една земја во југоисточна Европа со население од само 6,4 милиони, сега има еден од највисоките соодноси во светот на батериски капацитет во однос на вкупниот капацитет на енергија, надминувајќи пазари како Калифорнија, Германија и Кина. 

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Речник

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

Милион долари не се доволно за место меѓу најбогатите 10% во Америка

Кој не сака да биде милионер? Општо прифатен став е дека седумцифрената сума обезбедува луксузен живот. Во денешна Америка, сепак, милион долари повеќе не се доволни за да се биде во елитниот клуб на најбогатите 10%, и едвај може да обезбеди удобни пензионерски години. Како што се оди повисоко, пирамидата на богатството е уште пострмна.

Трамп го испрати Си со полни очи и празни раце

Трамп го пречека Си Џинпинг во Белата куќа со највисоки почести, пофалби, подароци и раскошна вечера, но без волја за суштински пробив за проблемите што ги оптоваруваат меѓусебните односи. Клучните спорови за царините, трговијата, развојот на ВИ, чиповите, ситуацијата околу Тајван и синџирот за снабдување со ретки минерали се одложуваат за некој иден самит.

Ударна ИТ бригада во Армијата на САД

Силициумската долина до пред неколку години строго внимаваше информатичките иновации да не бидат злоупотребувани во одбранбената индустрија. Тоа време помина. Директори од водечки компании за развој на вештачка интелигенција облекоа воена униформа со еполети на потполковник. Ќе водат специјален одред на Армијата за да ѝ обезбедат глобална технолошка доминација.

Израел нема да запре додека не го собори режимот во Техеран?

Изненадувачкиот напад на Израел врз Иран имаше очигледна цел нагло да ја наруши нуклеарната програма и да го продолжи времето што му е потребно на Техеран за развој на атомско оружје. Но, обемот на нападите, изборот на цели од страна на Израел и изјавите на премиерот Бенјамин Нетанјаху сугерираат друга, долгорочна амбиција: соборување на теократскиот режим во Техеран.

Нов софтвер шпионира новинари низ Европа

Со нов комерцијален шпионски софтвер од израелска компанија поддржана од САД биле следени двајца уредници во Италија што откриле афери за владејачката партија на премиерката Џорџа Мелони. Канадската лабораторија за експертиза Ситизен лаб открила и трета жртва на следење во Европа, но не се знае на колкумина им е загрозена приватноста и кој е одговорен за тоа. 

Мосад скрил дронови во коли до Техеран

Нападот врз Иран бил овозможен од тајна операција на израелската тајна служба Мосад, која изградила база за дронови длабоко на непријателска територија, близу Техеран. Од далечина биле активирани проектили скриени во приватни возила. Кога борбените авиони летнале од Израел со проектилите, небото над Иран веќе било исчистено од противвоздушна одбрана.

К'смет во седиштето 11А

Навистина е големо чудо како британскиот патник го преживеал уривањето на авионот во Индија, но тоа нема врска со местото во кое седел во кабината, тврдат експерти. Едноставно имал к'смет. Исто како и стјуардесата на ЈАТ Весна Вуловиќ, која пред половина век преживеа пад од десет километри. Чудото од Индија сепак ќе поттикне многу патници да го резервираат седиштето 11А.

ВИ ги растурила брокерите од Вол стрит

Специјален модел на вештачка интелигенција, нахранет со јавно достапни финансиски податоци и  анализи, управувал портфолија поуспешно отколку 93% од искусните брокери на Вол стрит и од тргувања би заработил десетици милиони долари повеќе. Има и квака. Ако инвеститорите од Вол стрит решат целосно да се префрлат на машини со ВИ, ќе се израмни просторот за натпревар. 

#НаТочак #ПротивДеменција

Редовни физички активности на отворено, пред сè возење точак или пешачење до работа, се поврзуваат со помал ризик од деменција и поздрав мозок. Студија со која биле опфатени навики на половина милион луѓе на долг период покажува дека активните начини на патување го зголемуваат волумен на хипокампусот, кој е клучен за когнитивната функција и подобра меморија.

И со плата од 2 милиони долари Мета нe може да ги задржи ВИ талентите

Додека компаниите влеваат милијарди долари во инфраструктурата за вештачка интелигенција, се води голема битка за талентите со природна интелигенција, кои треба да ги управуваат скапите системи. Мета има годишен пакет за плати од над 2 милиони долари за таленти за ВИ, но сепак продолжува да ги губи своите луѓе. Најчесто заминуваат во Антропик, но не само поради парите.

Финансиска поддршка на дофат: потрошувачки кредит за сè што не може да чека

Летото е сезона на планови и спомени. Зошто да не вложите во моментите што ќе се паметат – како свадбата што доаѓа? Или во летувањето што конечно ќе го поминете со најблиските, без компромис? Повеќето добри одлуки почнуваат со едноставно „зошто да не сега?“ Зошто да не го уредите конечно тој агол во дневната што го замислувате со месеци? Зошто да не вложите во нов компјутер што ќе ви ја олесни работата, или да го запишете детето на летниот курс што постојано го споменува?

Базите дански, командата американска

Данскиот парламент конечно го усвои Договорот за одбранбена соработка со САД, кој им дава право на Американците да имаат воени бази, да распоредуваат војници и да складираат воена опрема на данска територија. Ова не важи за Гренланд, на кој Трамп одамна му фрли око и сака да го присвои. Данската опозиција реагира дека договорот е „продажба на националниот суверенитет“.

Престанете да вработувате луѓе

Прво во Сан Франциско па во Лондон, се појави рекламна кампања со слоган кој изнервира доста луѓе кои одејќи на работа, мора да ја видат и рекламата која ги потсетува дека заради вештачката интелигенција, во блиска иднина многумина од нив ќе станат непотребни. А не дека нема аргументи зад кампањата. 

САД ги чистат електраните од зелените ограничувања на Бајден

Американската Агенција за заштита на природата бара да бидат укинати ограничувањата за емисии на стакленички гасови што администрацијата на Бајден им ги наметна на електраните на јаглен и природен гас. ЕПА тврди дека мерките прават штета на енергетската индустрија од милијарди долари годишно. Климатските активисти возвраќаат дека штетата од загадувањето ќе биде многу поголема.

Откриен и втор град под пирамидите во Гиза?

Италијански истражувач во март објави дека открил огромна структура под Големата пирамида во Гиза. Прочуени археолози го отфрлија ова како „глупости“, тврдејќи дека нема радар што може да снима толку длабоко. Наместо да замолчи пред авторитетите, Бјонди им фрла нова јадица: Не бил еден подземен град, туку два. Ако се покаже дека е прав, историјата ќе мора да се пишува од нула.

Внесуваме Албанци во Англија. Цена во иМбокс

Албански шверцери со луѓе се промовираат на социјалните мрежи нудејќи безбедно префрлање мигранти во Британија. Наплаќаат по 4.000 фунти за да ги протнат мигрантите преку „задната врата“, користејќи ја меката граница помеѓу Ирска и Британија. Други организираат транспорт со авиони, бродови или камиони или им помагаат како да побараат азил или да најдат работа на црно.

Шверцери со дронови испорачуваат штеки на домашна адреса

Во Европа шверцот на цигари лани значително се зголемил откако криминалните мрежи се преориентирале на модерната технологија. Големите магацини и транспортот во шлепери преку граници повеќе не им се исплатливи. Сега работат на ситно. Ги празнат магацините. Наоѓаат муштерии преку социјални мрежи и испорачуваат штеки со дронови на домашна адреса. 

Кучињата од Чернобил побрзо мутираат, ама не поради радијација

Научниците не се изненадени од откритието дека кучињата што останале да живеат околу стопените реактори на нуклеарната централа Чернобил еволуираат побрзо од сродните. Но не очекувале дека генетските мутации не се директна последица на радијацијата. По 30 генерации, кучињата од Чернобил се прилагодиле на озрачена околина, а и не им пречи отсуството на човекот.

Мислеле, не мислеле, мозокот троши исто

Мозокот е штедлив, динамичен и неверојатно ефикасен орган - го регулира биењето на срцето, варењето на храната и рамнотежата додека во исто време се напрега да реши тешки задачи. И тоа го прави без да запре. Дури и кога се опуштате по напорен ден тој самиот си наоѓа работа и цица гликоза. Во мирување согорува енергија само 5% помалку отколку кога максимално се напрега.

За работа „на државно“ се бара лојалност кон Трамп

Администрацијата на Доналд Трамп го отфрли досегашниот систем на „еднаквост, правичност и инклузивност“ за пополнување на работните места во федералните служби и најави дека ќе вработува според заслуги. Кандидатите за вработување во државна служба ќе се соочат со нов предизвик: добро да ги научат приоритетите на политиката на претседателот и да се усогласат.

Пентагон самиот ширел приказни за НЛО

Пензионирани американски воени лица проговорија за теориите дека во Зоната 51 биле криени вонземјани. Не само што во строго забранетата зона немало „мали зелени“, туку офицерите самите ги ширеле гласините за да го прикријат развојот на авионите од „стелт“ технологија. Тоа го правеле толку добро што и многумина вработени во Зоната 51 се пензионирале верувајќи во приказните.

Откриен виновникот за изумирањето на пчелите

Научници тврдат дека ја откриле причината за масовното угинување на пчелите низ САД што достигна алармантно ниво. Утврдено е загрижувачко високо ниво на инфекции, предизвикани од генетските мутации кај малите крлежи што ги пренесуваат вирусите. Паразитите станале отпорни на најчесто користената хемикалија со која пчеларите ги заштитуваат колониите.

Порторико сака да ѝ се врати на Шпанија

Јакне иницијативата Порторико, кој официјално е американска територија, да ѝ се врати на Шпанија, која го изгуби во војната со САД во 1898 година. Порториканците немаат претставници во Конгресот и право да гласаат на избори. Веруваат дека повеќе би просперирале како дел од Шпанија, со социјалната и здравствена заштита и програмите за развој што ги нуди Европската Унија. 

Медицински лица одбиваат да се вакцинираат

Пет години по најсериозната глобална здравствена криза во еден век, сè пострашни се последиците од лошото управување со пандемијата. Агресивната кампања за вакцинирање против ковид, цензурирањето мислења за безбедноста и криењето несакани ефекти предизвика општа одбивност кон вакцините. Медицински лица од првите редови сега бегаат и од вакцини против грип.

Франција забрани алжирски "еурокрем", затоа што е подобар од Нутела

Намаз од лешници ко се произведува во Алжир, со години без проблем се увезувал и се продавал по дуќанчиња во Франција. Но, минатото лето има фаќа око на инфлуенсери кои се одушевуваат од неговиот вкус а фамата се префла и на стандардните медиуми. Не мина долго време за земјата во која се продава најмногу Нутела на свет, да најде закачка и да забрани увоз на алжирскиот крем.

Нема ништо инкогнито на интернет

Во заблуда се оние што мислат дека можат да си ја заштитат приватноста на интернет. Можете да забраните колачиња, да сурфате „инкогнито“ или да ја прикриете IP адресата. Мета најде начин да ве следи. Исто како да ставате катанци на врата, а задниот прозорец да го оставате ширум отворен затоа што во упатството за вентилација пишува дека е потребен проток на воздух.