
Операцијата со кодно име Ам Келави (Нација како лав) внимателно била планирана две години во координација со Израелските одбренбени сили.
Разузнавачи собирале податоци за да ги издвојат генералите и научниците што се клучни за процесот за збогатување ураниум и за развојот на проектили. Со нивното прецизно елиминирање синоќа е забавена, ако не и целосно запрена, завршната фаза од надградување фисиски материјал и за конструкција на нуклеарна боева глава.
Специјални единици на Мосад се инфилтрирале во централен Иран и поставиле прецизно наведувани беспилотни летала близу ракетните батерии за лансирање противвоздушни проектили.
Оружја со напредни технологии биле скриени и во цивилни возила распоредени на критични локации. Во исто време кога израелските авиони летнале од своите бази агентите на Мосад ги активирале дроновите за да ја уништат иранската ПВО. Тоа овозможило авионите да продрат доволно далеку за да ги погодат своите цели со исклучителна прецизност.
🔴 WATCH!
— Open Source Intel (@Osint613) June 13, 2025
A rare footage of Mossad Operatives on Iranian soil.
In this footage what you see is Mossad operatives deploying precision strike-systems that are meant to destroy Iranian Air-Defence systems
👇pic.twitter.com/IYyJgNuBdM
Најризичната операција била пренесувањето на јато беспилотни летала со експлозив на локација близу Техеран. За време на нападот, овие дронови ги уништиле иранските лансери за проектили земја-земја во базата Есфаџабад, стратешко место во кое е концентриран иранскиот арсенал насочен кон Израел.
Операцијата бараше смело и софистицирано планирање, револуционерно стратешко резонирање и сложена измама. Мисијата беше перфектно спроведена од оперативците на теренот и зададе болен удар, изјавил анонимен извор за Тајмс оф Израел.
Израел објави дека операцијата ќе продолжи сè додека е потребно за да се уништи капацитетот на Иран да создаде нуклеарно оружје. Военото воздухопловство соопшти дека се уништени десетици радари и центри за ПВО, што им ги олеснува идните мисии на борбените авиони.
Иран се закани дека ќе возврати на нападите и дека Израел ќе има „горчлива и болна судбина“. Но, првичниот контранапад со стотина дронови бил спречен со помош од јорданските противвоздушни сили. Дроновите биле пресретнати уште пред да влезат на израелска територија.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика властите во Техеран да ги продолжат преговорите за напуштање на нуклеарната програма, за да избегнат „уште побрутални напади од Израел“. САД официјално тврдат дека не биле информирани за израелската операција.