Вести

Пентагон сака да прави своја ЦИА

Министерството за одбрана на САД планира да формира сопствена единица од тајни агенти кои би шпионирале строго чувани економски тајни на Кина и други земји. Оперативците би се претставувале како бизнисмени, без јавна поврзаност и заштита од американската влада. На оваа иницијатива се спротивставува ЦИА, која не сака некој друг да ѝ се меша на „нејзиниот терен“. 

Азербејџан повеќе не сака да биде „малиот брат“ на Турција

Анкара и Баку нагло го загрозија договорот за сојузништво со „братски“ меѓусебни обвинувања поради забраната за носење шамии во азербејџанските училишта. Причините за судирот ги надминуваат идеолошките рамки. Баку ги продлабочува односите со Израел и не сака повеќе да биде третиран од Анкара како „помалиот брат“.

Не е лесно да си женско во Шпанија на Педро Санчез

Педро Санчез беше златниот дечко на западните прогресивни кругови. Промовираше феминизам но во воведе закони кои ја бришат суштината на законските заштити на жената. А додека неговата влада ветуваше дека ќе се справи со проституцијата во земјата, негов министер си набави проститутка од веб платформа.  

Речник

Трамп барал да се хакира машина за гласање

Трамп упорно бара укинување на гласачките машини со кои „му била украдена победата“ на изборите во 2020 година. Лани побарал од Агенцијата за кибернетска безбедност тајно да хакира една од машините. Откако бил одбиен, отпуштил една третина од вработените во агенцијата, која самиот ја основаше заради заштита на регуларноста на изборите.

Западот страда од безнадежност

Меѓугенерациската безнадежност носи револуции. Дури и ако луѓето видат дека предлозите на популистите или екстремистите нема да функционираат, тие сакаат да го срушат стариот систем затоа што ги изневери нив и нивните деца. Тие имаат малку што да изгубат, пишува поранешната естонска претседателка Керсти Калјулаид, опишувајќи ги причините за немирите низ Европа.

САД ќе тестираат „топлински топ“ за разбивање толпи

Американската полиција позајми од Пентагон „топлински топ“ за да го тестира за акции за одбивање мигранти или демонстранти. Оружјето е слично на „звучниот топ“ - за кој сè уште не се знае дали бил користен или не против демонстранти во Белград – и на „дискомбобулаторот“ со кој, според Трамп, САД ја парализирале војската на Венецуела кога го грабнале Мадуро. 

Кога пожарот не се гледа од смогот

Нивото на загадување на воздухот во Кина е толку големо, што во понеделникот цели 3 часа никој не забележал дека една фабрика ја зафатило пожар.

Европа ја чека беда до смрт

Моделот на социјална држава што моментално преовладува во Европа мора да се промени и адаптира, во спротивно тој ќе биде уништен од должничката криза и мерките за штедење кои се нејзина последица.

Одлично! Не, фала!

За оние кои им е здосадено да бројат калории или применуваат други стандардни методи на задржување на линијата, екипа гастроентеролози смислиле ефикасен гаџет кој ќе им помогне да се решат од вишокот изедено. Одвратно ефикасен.

Во животот има и поважни работи од среќата

Виктор Франкл е еврејски психијатар од Виена кој во 1942-ра, завршува во еден од концентрационите кампови. Три години подоцна излегува од таму, за во 1946-та да ја објави книгата "Човековата потрага по смислата," книга за неговото искуство во кампот (која ја пишува за 9 дена). Според него, разликата меѓу оние кои преживеале и кои умреле се сведува на една работа: Смисла.

Сонот на секоја реклама

Со цена од 4 милиони долари за реклама од 30 секунди (околу 133.333 долари за секунда) паузата на Супер Боул годинава останува најинтересниот маркетиншки настан на телевизија.

Не зори, зоро

На 19-ти јануари во Атина ќе се одржи масовен анти-фашистички протест, организиран од 24 организации со најразлична политичка позадина, сите насочени против растот на Златна зора и фашизмот во Грција.

Најдоброто од CES 2013

Најголемиот саем за потрошувачка електроника само што заврши во САД. Под потрошувачка електроника се подразбира се од телевизори и фотоапарати до часовници и "паметни" виљушки. Ова се некои од најдобрите нови примероци во некои од категориите.

Не е важно што си, важно е што мислиш дека си

Без разлика дали сте способни или не, ако доволен број пати кажете дека ве бива за нешто, на крај може и стварно да се случи другите да ви поверуваат. Само треба вие да бидете уверливи и да го повторувате тоа колку е можно повеќе.

Можело значи

Беа потребни повеќе од две децении но успеаа: во Мексико сити, мегалополисот кој порано важеше за најзагадениот урбан простор на светот, денеска се дише нормално.

Телефон ми е, клуч ми е

Паметните телефони веќе ја заменија некогаш стандардната секојдневна опрема: часовник, нотес, вокмен а наголемо се работи да го заменат и новчаникот. Останува уште нешто во нашите џебови кое во иднина најверојатно нема да ни треба – клучевите.

Дали би платиле 100 долари за да му пратите порака на Закерберг?

Фејсбук почна со тестирање на некои екстремни цени за најавената опција која во основа ќе го стави вашиот Фејсбук инбокс на продажба. Прво сандаче на продажба е инбоксот на Марк Закерберг.

Кој стоеше зад нападот со антракс?

Добро е кога е кратко вниманието на јавноста за вест, кога се работи за некоја свадба на Кардашиан. Ама, навистина штета што за некои озбилно битни приказни, вистината се дознава месеци откако на сите ќе им биде преку глава од тоа. На пример:

Парите купуваат среќа, а вие како сакате

Класичната економска приказна за парите и добробитта е дека парите купуваат среќа ама до одредена точка, по ова парите имаат се помало влијание на среќата. Новото истражување, тврди спротивно, парите нонстоп влијаат на среќа.

МекДоналдс сврте на книги

По успешна пилот програма Мекдоналдс решава дека во иднина ќе ја промени содржината на поклоните што ги дава во Хепи Мил. Па од сега, наместо играчки, ќе дели книги.

Тежина на правдата

Речиси 500 поротници, мешан состав, мажи, жени, слаби, дебели... Им даваат слики на четворица осомничени, исто мешан состав. Кој од четворицата на поротниците најмногу им личи на виновеи? Дебелата. 

Талибанците не сакаат под Завод

Талибанците кои решија да ја прифатат владината програма за помирување се комплетно разочарани бидејќи кај останаа без оружје сега се и без работа.

Што не се случи на номинациите за Оскар

За нас неубаво е што Трето полувреме не влезе во последните 9 од кои се избираат кандидатите за номинации за Оскар. За Американците имаше некои други изненадувања на прогласувањето на номинациите.

Ако не си белец во Грција, подобро да носиш пасош

Во иднина сите туристи во Грција кои не изгледаат доволно грчки ќе треба со себе да носат документи или ќе одлежат во станица се додека не докажат дека се туристи а не имигранти.

Најголемиот празен трговски на светот

Пред 7 години Кинезите го отворија најголемиот трговски центар на светот, со вкупна површина за дуќани од 650.000 метри квадратни. До денес имаат издадено само 1 процент од сите дуќани.

Топ листа за безбедно возење

Најдена е музика која може да влијае на подобрување на безбедноста во возењето. Лошo: Coldplay.

Боуви, биди така

Музичката 2013-та не можеше да почне подобро. Кит Ричардс и Том Вејтс почнаа да прават заеднички песни а по една деценија отсуство, на сцената се врати Дејвид факинг Боуви. Не заборавајте, ова е година по онаа во која тотално изгинавме од Гангнам Стајл. Неколку десетици факти за човекот со шарени очи.

Турскиот премиер го забранува Величествениот

Наскоро би можело комплетно да биде забрането снимањето на серијата "Величествениот" доколку во Турција се изгласа законот според кој таа преставува "извитоперување на турската историја."

Тијари и црви

Toddlers & Tiaras е шоуто на TLC во кое прв пат се појавува Honey Boo Boo, за потоа да продолжи со сопствено реално шоу. Сега имаат нова натпреварувачка, не викаме дека е полоша или подобра од Honey Boo Boo, само знаеме дека - јаде црви.

Ако друго не помага, прави апликација

Затоа што веројатно се откажаа од спасување на мажите, Шкотите направија Анроид апликација која треба да ги откаже жените од алкохол. Ги фаќа на убавина.