Планот ќе почне со реализација во 1.200-те Мекдоналдс ресторани во Англија, а според него во идните 2 години се очекува на децата да им бидат поделени 15 милиони книги.
"Реакцијата на пилот програмата беше 'извонредно позитивна,' девет од десет родители сакаат да видат повеќе промоции на книги од нас. Изненаден сум од статистиките кои покажуваат дека секое трето дете не поседува книга и дека половина не уживаат во читањето," изјавил потпретседателот на МекДоналдс Британија, Алистер Мекроу.
Акцијата на Мекдоналдс е во соработка со Националниот фонд за писменост, кој делумно ги обезбедува книгите.