Турскиот премиер го забранува Величествениот

Наскоро би можело комплетно да биде забрането снимањето на серијата "Величествениот" доколку во Турција се изгласа законот според кој таа преставува "извитоперување на турската историја."

Целата вест ја пренесува германскиот Frankfurter Allgemeiner Zeitung, кој опшироно се занимава со темата турски сапуници и реакцијата на премиерот Таип Ердоган на прикажувањето не вистински историски ликови.

За време на еден говор, Ердоган порачал: "Во светот во кој живееме, моментално живеат околу 7 милијарди луѓе. Која е нашата задача во овој свет, тоа добро го знаеме. Таму каде што нашите претци јаваа со коњи, таму сакаме и ние. Не интересира секое од тие места."

Во овој говор посебен трн во око на Ердоган е токму серијата Величествениот (оригиналната верзија е - Величественото столетие).

Зборувајќи за серијата и за случувањата во неа - интриги, убиства, злоупотреба на алкохол, Ердоган вели: "Но тоа воопшто не било така. Во нашата историја ние сме немале такви предци. Еден таков Сулејман Први, воопшто не ни е познат. Тој 30 години од својот живот го минал на коњ. Животот во неговиот дворец воопшто не се одвивал како што тоа е прикажано во серијата. Ги осудувам режисерите на оваа и слични серии, како и сопствениците на телевизиските станици. Но иако веќе ги предупредивме одговорните личности, очекувам и од судовите изрекување на потребните пресуди... Подигрувањето со вредностите на нашата нација мора да биде регулирано и на правен начин."

Наскоро овој став на Ердоган би требало да биде преточен во закон, кој го побараа неговите сопартијци во парламентот. Законот предвидува "казни за секое извртување или исмејување на случувањата или личностите кои се вбројуваат во националните вредности."

10 јануари 2013 - 09:55