Паузата на Супер Бол има неверојатна стапка на задржување на гледачите од цели 99,3%, што значи дека од 1.000 луѓе што ќе го гледаат финалето, само седуммина ќе го сменат каналот за време на рекламите.
На ваквата статистика не влијае ниту тоа што официјалното траење на времето за реклами минатата година изнесувало 47 минути и 25 секунди, споредено со 40 минути и 10 секунди од пред 10 години.
Најголеми пари меѓи огласувачите фрлаат производителите на автомобили кои минатата година потрошиле 94,5 милиони долари на реклами на Супер Бол (што е 36% од вкупно 262,5 милиони долари што ЕнБиСи ги собра од реклами).
Минатата година, финалето меѓу Џајантс и Патриотс беше седмата последователна година во кој Супер Бол имаше поголема публика од претходната, достигнувајќи го рекордот од 111,3 милиони гледачи.
Годинава финалето е закажано за 3-ти февруари.