Таг: супер боул

Бадвајзер ќе ги паузира рекламите за Супер боул

Ајнхајзер-Буш годинава нема да пушти ниту една реклама за Бад во рекламните блокови на најголемиот спортски настан во САД. Наместо тоа парите што инаку би ги потрошил на реклами, ќе ги даде за зголемување на свесноста за вакцинација од коронавирусот.

Супербол реклами, жетва 2020

Викендов традиционално се одржа годинешната презентација за тоа што може да се направи од реклама кога на располагање имаш грдни пари, а исто така се играше и некој спортски натпревар.

Така де

Во продолжение на најдосадното финале од Супербоул меѓу Њу Ингланд Патриотс и Лос Анџелес Ремс кое комплетно ги разочара гледачите, сеир на овој спорт му пукна и Роналдо.

Пуштаме реклами, Супер боул 2018

За секои 30 секунди реклами што ќе ги изгледате, некој има платено по 5 милиони долари за да бидат емитувани на паузите од Супер боул 52. Успеавме да собереме реклами од нешто помалку од 50 брендови што вечерта биле емитувани. Да не одолжуваме, имате баеги за гледање.

Нема да има нов Крокодил Данди, ќе има Супер боул реклама за Австралија

Само еден ден откако излезе трејлер што навестуваше дека Дени Мекбрајд (Кени Пауерс) е главниот лик во некое освежување на Крокодил Данди франшизата, беше објавено дека клипот е најава за Супер боул рекламата за промоција на туризмот во Австралија. По неколку клипови од истата кампања изгледа дека нема познат австралиски глумец што не го прибрале во спотовите, од Хемсворт браќата, до Хју Џекман, Расел Кроу, Исла Фишер, Маргот Роби...

Хајлајтсите од Супер боул 51

На стадионот во Тексас имаше 73.000 гледачи, играа Њу Ингланд Патриотс и Атланта Фалконс. Некаде на средина од третата четвртина Фалконс водеа со 28-3. По продолжетоците резултатот беше 34-28, за Патриотс, кои го направија најголемиот пресврт во историјата на Супер боул.

Трејлерите на Супер боул

Меѓу рекламите за кои се плаќаа 5 милиони долари за 30 секунди (166.000 долари за 1 секунда емитување, секунда што во МКД-размери тежи колку фирма што прави по речиси 14 илјади долари месечно), имаше и дузина трејлери за блокбастерите што треба да се појават годинава: Гардијанс, Пиратите од Карибите, Брзи и бесни. Собравме неколку од нив на куп.

Супер боул пред Супер боул

Конкретна тема рекламите за Супер боул што се појавија на интернет пред натпреварот. Цената за годинава е 5 милиони долари за 30 секунди реклама.

Како Супер Боул стигна до реклами од 4 милиони долари

Целиот спектакл што денес го гледаме почнува во 1967-ма. За на полувреме се ангажирани два колеџ оркестри, а термин за реклама чини околу 160 долари (во денешни пари). Речиси 50 години подоцна, на полувреме се ангажираат најголемите музички ѕвезди, а цената на терминот за реклами почнува од 4 милиони долари за 30 секунди.

Супер Боул реклами, генерација 2016-та

Прво од најважното - годинава емитување од 30 секунди, чинеше над 5 милиони долари. И за овие пари, секој можен термин беше продаден. Ова е изборот на Ад Вик и Дејли Бист за тоа кои компании најдобро ги пополнија баснословните термини.

Како Доритос цела деценија добива гратис реклами за Супер Боул

Во 2006-та Доритос објавуваат конкурс за аматерски филмаџии да им изработат видео реклама за Супер Боул. Договорот е дека победничкото видео ќе се емитува за време на финалето, а 5 автори ќе добијат по 10.000 долари, и тоа се сите пари што може и треба да ги очекуваат од компанијата.

Како Супер Боул ја проголта земјата

Финалето во американски фудбал е најпопуларниот спортски настан во САД. Од 2005-та до денес тв публиката расте секоја година. 2014-та над 112 милиони луѓе го изгледаа Супер Боулот, што е повеќе од финалето во бејзбол, НБА финалето, Стенли Куп финалето и Оскарите - заедно. За годинава се очекува гледаноста да надмине 115 милиони.

Бадвајзер пак со кутриња за Супер Боул

Ланската реклама на Бадвајзер со лабрадор и коњи на ЈуТјуб имаше 55 милиони прегледувања. За годинешнава ова го знаеме: во снимањето учествувале 8 кутриња (иако гледамe само едно), кутрињата биле на возраст меѓу 11 и 12,5 недели, коњите тренирале 3 месеци за да се искоординира нивното трчање, снимано е во декември во Калифорнија.

Се продава: Полувреме на Супер Боул

За шоуто на полувремето на Супер Боул 2015-та НФЛ е во преговори со Колдплеј, Кејти Пери и Ријана. Преговараат кој од нив ќе му плати повеќе на НФЛ за да пее на полувреме.

Чомски за Супер боул

Масовните спортски настани, астрологијата, фундаментализмот и новинските наслови од типот „Родила дете со шест глави“ се сведуваат на истото - тие се чиста диверзија врз моќта за критичко мислење, вели Чомски. Тоа објаснува и зошто оние кои се рекламираат во паузите на Супер боул се подготвени за тоа да платат големи пари.

Сите можни реклами од Супер Боул 2014

На 48-от Супер Боул имаше вкупно 58 реклами (колку што ние можевме да собереме). Сме кажале ама да потсетиме, спот од 30 секунди чинеше 4 милиони долари. Ги собравме сите и ги поделивме во категории. Изволте.

Сиетл Сихокс го освои 48. Супер Боул

Сиетл Сихокс е новиот шампион во американскара фудбалска лига (НФЛ) откако во 48-от Супер Боул ги декласираа Денвер Бронкос со 43:8.

Неколку бројки за рекламите на Супер боул

Со нова цена од 4 милиони долари за простор од 30 секунди (за тие што при крај се пријавиле цената е 4,5 милиони), комплетното време за реклами на годинешниот Супер Боул беше распродадено неколку месеци однапред.

Со клипче на Јутјуб до професионален договор

Постирањето на сопствено видео зачинето со вашите вештини кои ги поседувате, понекогаш може да ви го исполни сонот. Тоа му се случи на Норвежанецот Хавард Ругланд кој од играње аматерски фудбал, стигна до најпопуларниот американски спорт НФЛ.

Сите реклами од Супер Боул 2013

Годинава го немаа Клинт Иствуд, ама затоа имаа фармер кој требаше да ја инспирира Америка, Бадвајзер удри на емоции, Тако Бел собра банда старци што сакаат да се журкаат, а Киа ја откри планетата од каде што доаѓаат сите бебиња (и животни и луѓе). Само за потсетување емитувањето на една реклама од 30 секунди, за време на Супер Боул чини 4 милиони долари.

Балтимор го освои темниот Супер боул

Можеби за нас малку непознат спорт, но во САД синоќа владееше вистинско лудило. Супер Боул XLVII натпреварот им припадна на Балтимор Рејвенс по возбудливиот меч со Сан Франциско Фортинајнерс. Еден од најгледаните спортски настани на планетата го одбележа и прекинот на електрична енергија.