Ругланд пораснал со топката играјќи фудбал во аматерските лиги во својата родна земја Норвешка, но откако почнал да го следи американскиот фудбал „Супер боул" на ТВ пред две години, се заљубил во овој спорт, а целиот свој талент го демонстрирал во 4 минутно клипче.
Способностите на ова момче се луди, а во тоа ќе се уверите откако ќе го погледнете клипчето, кое откако го закачил на интернет во септември минатата година, до сега има скоро 3 милиони клика.
На неговиот неоткриен талент најбрзо реагирал тимот на Детроит Лајонс од каде го повикале на проба минатиот месец. Раководните луѓе почекале еден од нивните ветерани да се пензионира, и потоа веднаш му стокмиле професионален договор.