НФЛ не бара пари најдиректно, туку предлогот до пејачите е дали тие се подготвени во замена за носечката нумера на вечерта, да дадат процент од својата заработувачка од турнеите кои ги започнале по Супер Боул, или да дадат финансиски придонес во некоја друга форма.
До сега НФЛ и онака не им плаќаше на музичарите кои пееа на полувреме, ама ги покриваше трошоците за превоз и продукција на шоуто, што пак се собираше во неколку милиони долари.
Токму полувремето е најгледаниот дел од целото шоу околу Супер Боул. Годинава полувремето (на кое настапија Ред Хот Чили Пеперс и Бруно Марс) го проследија 115,3 милиони гледачи, додека натпреварот имаше публика од 112,2 милиони.
Годинава продажбата на карти за турнејата на Бруно Марс започна веднаш во понеделник по Супер Боул, а лани Бијонсе ја објави својата турнеја веднаш по завршетокот на настапот на полувремето.
За перспектива, во 2013-та приходите на НФЛ беа некаде околу 9 милијарди долари.