Во рекламата на Бад Лајт меѓу другите ѕвезди ќе се појави и Арнолд Шварценегер, за надомест од 3 милиони долари.
Ауди, Киа и Хјундаи закупија по два периода од 30 секунди. Во пари, само овие три компании имаат дадено 24 милиони долари. Бад Лајт пак има купено 90 секунди.
Годинава нема да се вратат Бест Бај кој 3 години по ред се рекламираше на Супер Боул, Е-трејд чие бебе брокер ќе го нема за прв пат од 2008-ма, и Сабвеј, од каде што порачуваат дека цените на рекламите годинава се луди и дека планираат да инвестираат во Зимската Олимпијада (исто така во февруари).
Минатата година СиБиЕс имаше околу 10 милиони гледачи на интернет преносот од натпреварот. Во сумата од 4 милиони долари за 30 секунди, не е вклучена публиката од интернет, за нив има посебни цени и огласувачи.
Вкупната публика на директниот пренос минатата година беше 108,7 милиони гледачи.