Во одличен пресврт околу целото трошење пари за финалето на НФЛ лигата, Esurance (онлајн компанија за продажба на осигурување) успеа да направи реклама од тоа што не даде пари за реклама на Супер Боул. На крај пак потроши еден куп пари.
На 48-от Супер Боул имаше вкупно 58 реклами (колку што ние можевме да собереме). Сме кажале ама да потсетиме, спот од 30 секунди чинеше 4 милиони долари. Ги собравме сите и ги поделивме во категории. Изволте.
Со нова цена од 4 милиони долари за простор од 30 секунди (за тие што при крај се пријавиле цената е 4,5 милиони), комплетното време за реклами на годинешниот Супер Боул беше распродадено неколку месеци однапред.