Во понеделник рано наутро по наше време во Њу Орлеанс ќе се одигра Супер Боул, односно натпреварот кој со нетрпение го очекуваат сите фанови на американскиот фудбал, но и луѓето кои обожаваат да вложуваат пари на чудни опклади.
Go Daddy снима реклама за Супер Боул која отприлика е сон на секој гик, а и на се останато што е машко. Она што е уште подобро во целата приказна (а ќе ви стане јасно зошто откако ќе ја изгледате рекламата) е што снимањето успеало после 45 дублови.
Со цена од 4 милиони долари за реклама од 30 секунди (околу 133.333 долари за секунда) паузата на Супер Боул годинава останува најинтересниот маркетиншки настан на телевизија.