Во минатото сме пишувале за лудите опклади на Британците, но сега можат да им парираат и Американците. За оние на кои им се здодевни стандардните опклади, кладилниците од САД им нудат можност да вложат пари на некои чудни настани од Супер Боул натпреварот.
Ова е само дел од лудата понуда на американските кладилници:
- Дали паричката ќе падне на петка или глава?
- Колку пати коментаторите ќе го споменат презимето Харбо (браќата Џим и Џон Харбо се тренери на Сан Франциско Фортинајнерс и Балтимор Рејвенс): повеќе или помалку од 21,5?
- Колку време ќе трае поздравот на браќата Харбо по натпреварот: повеќе или помалку од 7,5 секунди?
- Колку долго Алиша Кис ќе ја пее химната на САД: подолго или пократко од 2 минути и 15 секудни?
- Дали косата на Бјонси ќе и биде права или виткана?
- На кого прв ќе му се заблагодари играчот кој ќе биде прогласен за МВП на натпреварот: господ, соиграчите, тренерот, родителите или навивачите?
- Каква боја ќе биде сокот со кој ќе го избањаат тренерот по натпреварот: проѕирен, жолт, портокалов, црвен, зелен или плав?