Да сме на чисто тоа не значи дека компанијата нема да има ниту една реклама на Супер боул, тие и понатаму имаат купено слотови со вкупно траење од 4 минути, меѓутоа тие ќе бидат за останатите брендови на Ајнхајзер-Буш: Бад лајт (и негови подваријанти) и Микелоб (и неговите подваријатни).
„Имаме пандемија која помрачува речиси сè. Тешко е да се чувствува исполнетост и воодушевеност којa луѓето вообичаено би ја имале,“ објаснува професорот по корпоративни комуникации на Дартмаут колеџот, Пол Арџенти.
На сличен потег со одлучи и Пепси, кој нема да се рекламира на телевизија со цел „да се фокусира на шоуто на полувреме“ кое се уште го држи, како и Кока-кола и Ауди.
Освен отсуството на трите гиганти, годинешниот Супер боул ќе биде карактеристичен и по тоа што на стадионот со капацитет од речиси 66.000 гледачи, ќе биде дозволено вкупно 22.000 публика.
Годинешната просечна цена за емитување на спот од 30 секунди е 5,5 милиони долари.