Сихокси ја освоија својата прва титула во НФЛ лигата пред 80.000 гледачи на стадионот во Њу Џерси и тоа на убедлив начин. Тие ја извојуваа една од најубедливите победи во историјата на Супер Боул натпреварите, декласирајќи ги Денвер Бронкос со 43:8.
Во 1990-та година Сан Франциско го совлада Денвер со 55:10.
Уште на полувремето Сихокси водеа со 22:0, а дека титулата ќе отиде во нивни раце се знаеше уште на стартот од третата четвртина кога со нов тачдаун тие стигнаа до предност од 29:0.
За најкорисен играч на натпреварот (МВП) беше прогласен одбранбениот играч на Сиетл, Малком Смит.