Како Доритос цела деценија добива гратис реклами за Супер Боул

Во 2006-та Доритос објавуваат конкурс за аматерски филмаџии да им изработат видео реклама за Супер Боул. Договорот е дека победничкото видео ќе се емитува за време на финалето, а 5 автори ќе добијат по 10.000 долари, и тоа се сите пари што може и треба да ги очекуваат од компанијата.

Кампањата растура со бесплатен публицитет, добива одличен гледаност, а ПиАр агенцијата што го смислува конкурсот, Кечам, собира награди. Конкурсот станува традиција, и Доритос го повторува на секој Супер Боул од 2006-та до денес.

Иако најголемиот дел од учесниците не добиваа никаква награда, конкурсот беше шанса за аматерите пред цела маркетинг фела да покажат што знаат. На победниците од 2009-та, двајцата браќа од Индијана, спотот "Free Doritos" им помогна да отворат сопствена маркетинг агенција.

Со тек на време, крајно инспирирани од вниманието што се собира на социјалните медиуми, конкурсот се повеќе натежнува кон ангажирање на публиката, најчесто во форма на собирање гласови од нив, "кампањата почна да наликува на Американски Идол за режисери на реклами." Годинешната кампања е на ниво на реално-шоу, со профили, фан-страни, хаштагови, гласање, задачи и (буџетски) ограничувања за учесниците. Победникот го бираат фановите со гледање на предложените клипови и гласање "еднаш на ден, од еден уред." Годинава и наградата е далеку поголема од кога и да е - милион долари и шанса да се работи со Зак Снајдер (режисерот на Бетмен против Супермен) на неименуван проект.

"Во последно време кампањата стана шанса за ветераните од индустријата да го искористат својот веќе воспоставен успех, за продуцентите и асистентите кои сакаат да направат транзиција во режисери. Минатогодишниот победник, Скот Забиелски, е извршен продуцент во Комеди Централ, каде работи од 2009. Забиелски победи над 4.900 други кандидати од кои најголемиот дел, слободно може да се претпостави, дека никогаш не биле извршни продуценти на популарни ТВ шоуа.

Доритос повеќе не се ни труди да прикрие дека нивната промоција ја има напуштено почетната идеја како за шанса за аматери филмаџии. Другите двајца финалисти за 2016 се менаџер за таленти од Лос Анџелес и комерцијален филмаџија од Мелбурн (има и трет кој е тв и филмски сценарист од Лос Анџелес). Надежните аматери кои беа чистени во секоја рунда прокоцкаа време и пари на маса која беше наместена.

По една деценија, Супер Боул кампањата на Доритос е стварно безвкусна," пишува Крис Планте во текстот за Верџ.

Финалистите за годинава:

Од талент менаџерот

 

Од филмаџијата

 

Од сценаристот

 

4 февруари 2016 - 17:49