Екипата од Балтимор е освојувач на 47-то издание на Супер Боул. Рејвенс на стадионот во Њу Орлеанс пред 71.024 гледачи победија со 34:31.
Балтимор имаше предност во текот на целиот натпревар, а водството на полувреме изнесуваше 28:6.
Но по настапот на Бјонси на полувремето, на стадионот снема струја и натпреварот беше во прекин половина час.
Овој настан како да им одеше во прилог на Сан Франциско 49-ерс кои во продолжението го намалија заостанувањето, но не успеаа целосно да се вратат.
За МВП на натпреварот беше избран квотербекот од победничката екипа, Џо Фалко кој имаше 22 успешни додавања за 287 јарди.
Ова беше најдолг Супер Боул натпревар во историјата кој траеше 3 часа и 14 минути, за прв пат двете екипи беа предводени од браќа. Џон Харбо беше поуспешен од својот 15 месеци помлад брат Џим.