Ваквите предрасуди ги испитувале психолози од Јејл, давајќи им на 471 поротник фотографии од четворица осомничени; двајца мажи (дебел и слаб) и две жени (дебела и слаба). Требало да процесуираат фиктивен случај за измама со чекови.
Најлошо минала дебелата осомничена, и тоа –изненадувачки – кај машките поротници на кои токму таа им изгледала како најверојатен сторител.
Мажите не само што биле подготвени да ја одберат неа туку да тврдат и дека најверојатно се работи за криминалец повратник. На жените поротници далеку помалку им влијаел изгледот и килажата на осомничените.
За причините за ваквата пристрасност се нагаѓа: прекумерно тешките жени мажите ги асоцираат на неспособност да се контролираат импулсите или пак таквите жени се сметаат за општо понесреќни заради што би можеле полесно да застранат во недозволени активности.
Глупости.