Таг: правда

Зошто Елон Маск реши да ги проверува вестите

Покрај се што во моментов му се случува на Маск, сè што е измеѓу копање тунели под Лос Анџелес до патување во вселената, човекот одлучи дека е време да се вмеша во медиумите и да започне компанија што ќе работи на одвојување на „лошото новинарство“ од вистинското новинарство. Компанијата ќе му се вика - Правда (во оригинал: Pravda).

Кој Американец ќе заврши како Ратко Младиќ?

Воениот лидер на босанските Срби го доби заслуженото за сите несреќи и ужаси кои ги предизвика неговиот начин на војување. Истиот тој начин на војување, во овој момент се спроведува на еден друг крај на светот, активно помогнат од Соединетите Американски Држави.

Дали Америка е подготвена за демократијата наречена Берни Сандерс?

Иако јавно се декларира како социјалист, нешто од кое политичка Америка веднаш ја фаќаат сипаници, Берни Сандерс засега остварува фасцинантни резултати, комплетно збунувајќи ја менталната матрица на која почива американското предизборие. Без разлика што ќе направи до крај, тој веќе ѝ покажа на Америка каква може да биде: голема и силна но наместо да дивее по светот, да се сврти кон себе и да поработи на порамноправно и поправедно општество.

Правдата е слепа, ама некогаш и гладна

Ќе видите една тазе видео снимка од американска судница. Човекот пред судијката изеде парче хартија и сега за тоа може да лежи затвор. Веста не е за хартијата ниту за прехрамбените навики на Американците туку за идеалите.

Правда е кога доцни

Изгледа во право биле сите оние кои веруваат дека скотовите од луѓе, кога-тогаш ќе ги стигне заслужената казна. Еве, на пример, од Италија стига вест дека скончал злосторникот Ерик Прибке. Јеби га, на 100 годишна возраст.

Све ми мањка, а све ми е некако вишак

Еве има године 12 како т'ј народ од сејачи на генетски модифицирану демократију, свое огњиште не си га знае. На њини њиве, генетски модифицирана мржња и даље расне. И ќе расне... Јер, никој више у државу не ни знае куде е село весело, детски жагор, њиве оставени, куќе запалени, сас силу обновени. Све е тој модифицирано, одземено, намавано. Меѓународна заедница нè сас ГМО још од време на социјализам рани, а да ми не смо свесни колко смо од туј храну подувани,  после све поделени, сас пестициди на етничку базу расцепени.

Ирокезите не се предаваат

И покрај исцрпувачките судски порази, Ирокезите порачуваат дека нема да се откажат од своите битки. Заради децата. И благодарејќи на тоа што во нивниот кодекс, кога носи одлука, поглавицата треба да мисли на следните седум генерации.

Затрупување на правдата

Целиот свет ја следеше судбината на 33-ата чилеански рудари кои во 2010-та цели два месеца беа закопани под земја за конечно да бидат спасени и дочекани како херои. Неколку години подоцна, им доаѓа пак да се закопаат.

Тежина на правдата

Речиси 500 поротници, мешан состав, мажи, жени, слаби, дебели... Им даваат слики на четворица осомничени, исто мешан состав. Кој од четворицата на поротниците најмногу им личи на виновеи? Дебелата.